ЗАКАНА ЗА ТУЖБА БЕЗ ПРАВНА ОСНОВА? Авторите на субвенционираните песни немаат потпишано договори

Добивај вести на Viber

Законот е штур и ќе се вадат на дупките во него. Но, правото и правдината мора да се истуркаат, вели Александар Ристовски-Принц, еден од оштетените музичари Заканите за тужба од страна на оштетените автори од поништените конкурси за музички субвенции немаат правна основа, тврди Петрит Сарачини од Министерството за култура. Пред два дена во емисијата „Отворено“ на ТВ24, поранешниот новинар и активист му порача на познатиот музичар и продуцент Александар Ристовски-Принц слободно да ја бара правдата пред судските органи. - Има ли потпишан договор некој од авторите за да започне било каков спор за управна постапка? Вие немате правен документ кој што произведува правно дејство. Врз основа на што ќе иницирате тужба? И сега создавате заблуди во јавноста дека има нешто спорно. Тужете слободно – му се обрати Сарачини на Принц кој на еден од поништените конкурси доминира во категоријата „Врвен изведувач“ и првично му беа одобрени 9.000 евра за три композиции. [caption id="attachment_17469" align="aligncenter" width="500"] Петрит Сарачини на ТВ24 им порача на авторите слободно да тужат[/caption] Ристовски за „Женски Магазин“ потврди дека авторите немаат склучено договори. - Има правна основа. Тоа што нема договори не ги амнестира од одговорност. Како за било кој конкурс, договорите подоцна се потпишуваат. Законот е штур и ќе се вадат на дупките во него. Но, правото и правдината мора да се истуркаат. Утре истото ќе го прават со други конкурси, секогаш кога ќе си ги потрошат парите и нема да им се плаќа – ни изјави Принц. [caption id="attachment_17470" align="aligncenter" width="480"] Принц, еден од оштетените по укинувањето на дел од конкурсите за музички субвенции[/caption] На барање на Министерството за култура, Македонската радио-телевизија ги поништи одлуките од вториот и третиот квартал од 2017 година. Законот за поддршка на домашната музичка продукција сè уште е на сила, иако од Министерството за култура најавија дека е иницирана постапка истиот целосно да се укине. Новото раководство смета дека е тешко применлив и дека не ја исполнува функцијата за која е донесен. Во финансискиот план на МРТ за 2018 година планирани се над половина милион евра (32.000.000 денари) за музички субвенции доколку Министерството за култура во меѓувреме не го укине спорниот закон. Оштетените автори, меѓу кои е и Принц, во повеќе наврати нагласија дека законот е сè уште во сила сè додека не биде изгласано неговото укинување во Собранието и објавено во „Службен весник на РМ“. За неправдите што им се нанесени најавија дека ќе се борат и по судски пат. Тие сметаат дека е апсурдно ретроактивно да се поништуваат одлуки што се донесени според закон што постои. За Женски Магазин, Ѓорге Стојанов