ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Зборувајте за добрите вести! Зборувајте за она што го сакате!

Љубовта не е слаба, бедна, или нежна. Љубовта е позитивна сила на животот. Љубовта е пример на сѐ што е позитивно и добро. Сѐ што сакате да бидете, правите или имате, доаѓа од љубов. Позитивната сила на љубовта може да создаде било што добро, да ги зголеми добрите работи, и да го промени негативното во Вашиот живот.

Секој ден, во секој момент, одбирате дали ќе чувствувате љубов, позитивна сила или не. Законот за привлекување е закон за љубов, а тоа е закон кој владее во вашиот живот. Што и да давате во животот, ви се враќа назад во животот. 

Вам животот не ви се случува, туку вие во животот добивате сѐ врз основа на она што сте го дале. Без разлика дали вашите мисла и чувства се добри или лоши, тие ви се враќаат автоматски и прецизно како ехо. Големите луѓе кои имаат среќен живот размислуваат и зборуваат за она што го сакат повеќе отколку за она што не го сакаат. Додека зборувате за било какви тешкотии со парите, односите, за болести или дури за тоа како ви се намалила платата, вие не зборувате за она што го сакате. Кога зборувате за напорен ден, за тоа како сте задоцниле на состанок, како сте го испуштиле автобусот, вие зборувате за она што не го сакате. Секој ден се случуваат мноштво ситници - ако ги соберете само оние кои не ги сакате, секоја од нив ќе ви донесе дополнителни маки и тешкотии во животот. 

Зборувајте за добите вести во денот. Зборувајте за она што го сакате. Така во вашиот живот ќе го привлечете она што го сакате. Зборувајте за состанокот кој добро завршил. Зборувајте за тоа како сакате да стигнете на време. За тоа колку е добро кога сте здрави. Зборувајте за позитивни ситуации и средби кои сте ги доживеале. Имате неограничена способност да мислите и говорите за она што го сакате и затоа имате неограничена способност да привлечете сѐ добро во животот. Сакајте, бидејќи кога сакате користите најголема сила во вселената.