ИНТЕРВЈУ ДАНИЕЛ КАЈМАКОСКИ: Денес е најважниот роденден во мојот живот

Добивај вести на Viber

Не ни се верува дека веќе помина една година од раѓањето на Давид. Фала му на Бога, досега не видовме никаква родителска мака. Сè уште не знаеме какви се тие недоспиени ноќи. Можеби второто дете ќе ни наплати за сè, се шегува популарниот пејач Во екот на популарноста се повлече од јавноста, но рефлекторите ги запостави со причина. Пред точно една година на Даниел Кајмакоски му се оствари животната желба - се роди Давид, неговиот син. Популарниот пејач кој по победата на „Х-фактор“ ја обедини публиката од сите генерации специјално за „Женски Магазин“ накусо ни ги раскажа убавите моменти со неговиот наследник. [caption id="attachment_18903" align="aligncenter" width="640"] Давид денес полни 1 година. Ќе добие торта со омилените играчки[/caption] Женски Магазин* Давид денес го слави првиот роденден. Како ќе го одбележите овој ден? Кајмаковски - Мислам дека сите родители со нетрпение го чекаат првиот роденден на своето дете. Така е и со нас. Не ни се верува дека веќе помина една година. Ќе прославиме во кругот на најблиските и пријателите во Скопје. Нарачавме прекрасна торта со неговите омилени играчки. Имам чувство дека неговиот прв роденден ќе го славам повеќе од сите мои досега. Женски Магазин* Какво дете е Давид? Кајмаковски- Прекрасен е. Многу мило и слатко дете, секогаш насмеано. Дај боже цел живот да е така. Навистина сме благословени со него. Фала му на Бога, досега не видовме никаква родителска мака. Сè уште не знаеме какви се тие недоспиени ноќи. Можеби второто дете ќе ни наплати за сè (се смее). Само нека се живи и здрави, тогаш сме и ние среќни. Женски Магазин* Која е најважната животна лекција што ја научивте изминатава година како родител? Кајмаковски- Научив дека нема ништо поубаво од сопственото дете. Нема ништо поважно на светот. Сè друго е минливо, сè друго станува неважно. Да бидеш родител е привилегија која треба да се почитува. Му благодарам на Господ за ова искуство. Како што веќе имам кажано, не си богат дури не добиеш нешто кое не можеш да го купиш со пари. Женски Магазин* Публиката со нетрпение очекува нов материјал од Вас. Може ли да најавите нешто конкретно во оваа фаза? Кајмаковски- Мислам дека ми требаше мала пауза од сè бидејќи не сакав да пропуштам ниту еден миг од искуството да бидеш татко. Се надевам дека мојата публика има разбирање за тоа. Јас со големо срце ќе им се оддолжам на фановите. Нов материјал дефинитивно ќе има, тоа им го должам на сите. За Женски Магазин, Ѓорге Стојанов