Интервју Лејла Рамковска: Од секоја ситуација можеш да излезеш како победник

Добивај вести на Viber

Животот ја стави пред силни предизвици. Но, таа научи во нив да најде инспирација и да ја создаде најдобра верзија од себе. Од најтешките животни искушенија излезе посилна, спокојна со нови вештини и знаења. Јогата го откри оганот кој тлее во неа сама. За новите животни предизвици како јога инструктор, за животот и соочувањата со неговите лекции, денес разговараме со Лејла Рамковска lejla.ramkovska@gmail.com Женски Магазин Што беше пресудно да почнете да се занимавате со јога? Лејла Во животот верувам за секој од нас, доаѓа таков момент кога треба да направиш избор кон каде ќе се движиш… Дали тоа ќе биде кон самоуништување, самосожалување и несреќа или кон пронаоѓање на сила во себеси за трансформација на самиот себе   во најдобрата верзија. Затоа треба и верба во самиот процес, но и мир со себе и светот околу нас. Јас и мојата фамилија, надминавме многу тешки моменти. Тоа го направивме со свесноста дека само со вртење кон себе, секојдневно наоѓање на причина за чувство на благодарност, како и огромна љубов и верба кон животот и кон еден на друг, како фамилија.... Ете така излеговме од сè што ни се случи како посилни луѓе. Женски Магазин Дали за вас јогата е професија или начин на живот? Лејла- Секако. За да можеш да го пренесеш своето знаење на другите и да им помогнеш, треба тоа да биде твој начин на живот. Јогата е многу повеќе од професија. Женски Магазин Колку време ви беше потребно за да ги совладате тајните и да станете јога инструктор? Лејла - Совладување на тајните на јога… тоа е патешествие кое трае цел живот. Јас сум ученик и до крај на животот, тоа и ќе бидам. Меѓутоа, еве конкретно 2,5 години практикувам јога и многу научив за себе. Немав план да станам јога инструктор, но некогаш коцките сами се склопуваат. Од тогаш ја ширам љубовта кон јога. Женски Магазин Како вообичаено изгледа вашиот час? Дали имате омилена асана? Лејла - Часовите се доста динамични, посебно на начин со кој ги поттикнувам да ги преминат своите граници на издржливост. Секогаш можеме повеќе, верувам во тој оган кој постои во сите нас. Тој не поттикнува да одиме напред. Посебно значење давам кон јогиското ujjayi дишење во текот на цел час. Секоја асана ми претставува предизвик, посебно инверзиите ми се омилени, поради фокусот кој е потребен за изведување на тие пози. Женски Магазин Каков  тип на јога вие подучувате? Лејла - Ashtanga i power vinyasa flow. Женски Магазин Дали поради вашиот избор да станете инструктор по јога, го променивте вашиот начин на исхрана? Лејла - Како што јогата е еден вид на терапија, така сум убедена дека и храната има исто значење, не само за нашето тело туку и за нашата психа. Не верувам во строго одредени правила, туку во балансирана исхрана. Научив многу, преку себе за здравиот начин на исхрана. Затоа сакам и тоа да го пренесам, да го направам подостапно за сите, да не се доживува како да е наменето само за еден мал круг на луѓе. Затоа и спремам своја линија на здрави производи, заедно со мојот тим, а ќе биде достапна до секого преку Хедис маркетите. Женски Магазин Во некои земји, јогата веќе извесен период се практикува како помошна метода за лекување на одредени болести. Дали вие како инструктор се согласувате со тоа? Лејла - Потполно се согласувам, затоа што самата јас сум пример за тоа. Пред да почнам со јога, ми беше дијагностицирано дека центарот за баланс ми е нарушен, имав константни вртоглавици, што од стрес, што од спондилоза и дискус… Правев физикални терапии. Потоа почнав сама дома со јога и можам да тврдам дека мене повеќе ми помогна јогата, отколку сите терапии. Веќе ги немам тие константни болки. А кога чувствуваме константна болка ние сме понервозни, понетрпеливи, па и од тоа и психички пропаднатиСѐ е поврзано. Женски Магазин На кој начин јогата може да го подобри нашето здравје? Како вежбањето влијае на нашето тело? Лејла Од физички аспект, после раѓање на две деца и многу испробани спортови, јас никогаш не сум се чувствувала подобро и пофит, благодарение само на јогата. Секако потребно е посветеност, континуитет и љубов кон тоа што го правиш. Женски Магазин Некои од составните техники на јога се медитација и мантра. Дали можат да ги постигнат сите кои практикуваат јога? Лејла - Денес постојат многу различни ставови за тоа што е јога и што е медитација. Никако не се согласувам дека медитацијата е нешто недостижно и многу тешко, пак тргнувајќи од себеси. И јас имав предрасуди за самата медитација и своите можности. Но, сфатив дека е многу едноставно, медитацијата за секого е различна и многу лична, а и не смее да се генерализира. За мене тоа е насочување на свеста внатре во себе, воспоставување на конекција длабока со самата себе, свесно дишење, па и и крајно, останување сам со себе барем за 5 минути во тишина и во мирна положба. Сметам дека во денешно време, забораваме на тоа. Женски Магазин Како вашето семејство реагираше на вашата одлука? Дали ја добивте нивната поддршка? Лејла - Моето семејство е мојата најголема поддршка. Секоја позитивна промена секако е за поддршка. Благодарна сум им нив, благодарна сум и на Неда, мојата учителка. Благодарна сум на сите предизвици во животот, кои ме донесоа на овој пат. Женски Магазин За крај, која е вашата мантра со која го управувате својот живот? Лејла Од секоја ситуација можеш да излезеш како победник. Верувај во себе и секогаш, секогаш сакај.
За Женски Магазин, Вики Чадиковска