Интервју Марина Нацка: Имаме визија за вашиот успех

Добивај вести на Viber

Да се изгради кариера во денешно време е доста голем предизвик кој залага доста труд, посветено време како и правилна едукација на полето за кариера. Обуките се постојани и воедно и задолжителни со оглед на тоа дека живееме во време каде времето е скапоцено и секогаш во недостиг, па така во центри за креативни курсеви како што се Кариера Плус во Македонија ја нудат својата програма која ќе им помогне на идните претприемачи во развивањето на нивната бизнис идеја. Со локација во срцето на Скопје, Кариера Плус е Центар за креативни курсеви каде сите заинтересирани во областа на модата и убавината можат да го надоградат своето знаење токму овде. Тим кој го сочинуваат вистински професионалци, кои се максимално посветени и кои ја вложуваат сета своја енергија и пасија кон своите студенти во Кариера Плус, со цел до заеднички успешни професионални приказни. Уреден по светски стандарди, место кое шири голема мотивациона енергија, во комбинација со професионален тим, се доволни причини да го посетите Центарот Кариера Плус и да ги започнете своите консултации за вашата бизнис идеја во областа на модата и убавината. Денес зборувавме со Марина Нацка, сопственик и менаџер на Центарот за креативни курсеви Кариера Плус Женски Магазин Да се изгради кариера, одзема доста време и бара посветеност. Но за среќа постојат центри како што се Кариера Плус кои не водат до нашата цел. Што  е Кариера Плус? Марина Кариера Плус е Центар за креативни курсеви основан со цел да им помогне на сите индивидуи кои се стремат да ги остварат своите професионални и персонални замисли во областа на модата и убавината. Нашите курсеви се приспособени да им го дадат на сите курсисти она што им е неопходно за да успеат да се пробијат на современата домашна и светска сцена. Покрај практичните знаења се трудиме да ги подготвиме сите наши курсисти за она што ги очекува кога ќе го напуштат нашиот центар и да ги опремиме со потребните знаења за успех во модната индустрија.   Женски Магазин  Кој може да се обучува во Кариера Плус? Марина Вратите на Кариера Плус се отворени за сите кои имаат желба за професионална надообразба, сите кои во сплет на околности не успеале да го добијат потребното знаење за професија или хоби во модата или убавината, или едноставно сите оние кои сакаат да се стекнат со потребните алатки за успешна кариера и започнување на сопствен бизнис. Нашите курсисти се личности со огромна амбиција, желба и пред се љубов кон својата професија. Затоа ни претставува особено задоволство кога успеваме да ги исполниме нивните барања и очекувања. Женски Магазин Што нуди вашиот центар? Марина Нашите курсеви се резултат на долгогодишно истражување и континуирано следење на светските трендови. Како такви ние сме единствен центар во Македонија специјализиран во областа од модата и убавината. Кариера Плус нуди курсеви за моден дизајн, три степени на курс за моделирање, кроење и шиење, курс за мулаж техника како и курсеви од областа на убавината во кои спаѓаат: професионален курс за шминка, курс нашминкај се сама, курс за свечени фризури, курс за шишање, курс за фарбање и шатирање и се разбира курс за нокти. Со оваа поделба и постојаната иновација се трудиме да им понудиме на нашите курсисти едно навистина уникатно искуство во кое ќе го добијат потребното знаење по завршувањето на секој курс. Женски Магазин Како дојде до идејата за да се формира еден ваков центар? Марина Идејата за формирање на Центарот Кариера Плус произлезе од потребата за една ваква установа каде секој индивидуалец ќе може да ги оствари своите желби и да го постигне она што го посакува. И нашето мото гласи СЕГА МОЖЕШ САМ и со тоа би сакале да го нагласиме фактот дека секој може да успее и да ги оствари своите соништа, се разбира со мала помош која ние со задоволство ќе им ја пружиме. Би сакале да ги поттикнеме нашите креативци да создаваат и го истакнуваат нивниот личен стил како еден од најважните предуслови за успех. Женски Магазин Колку сте задоволни од досегашното искуство од почетокот на вашето основање на Центарот па се до досегашното присуство на македонскиот кариерен пазар? Марина Морам да признаам дека сум пријатно изненадена пред се од посветеноста и заинтересираноста на сите курсисти кои досега поминале низ нашиот центар. Почетоците како и секогаш знаат да бидат тешки, но кога сте опкружени со посветени и амбициозни личности секогаш добивате енергија да продолжите понатаму. Од година во година центарот Кариера Плус расте и се проширува и особено задоволство ми е кога го гледам резултатот на нашата работа како и позитивниот тек на кариерата на многу наши завршени курсисти. Женски Магазин Низ вашиот центар поминуваат доста креативни индивидуалци , кои понатаму се осамостојуваат во сферата на бизнисот и кариерата и тоа пред се благодарение на Вас , но и на нивната упорност и труд. Кои моменти ви се најдраги и ве прави доста горди кога ќе погледнете назад? Марина Би рекла дека секој ден поминат во Центарот Кариера Плус со нашите креативци и посветениот персонал е навистина посебен. Се разбира би кажала дека почетокот на семестарот и запознавањето со новите курсисти е секогаш возбудливо. Но, исто така, крајот на секој семестар и церемониите на доделување на сертификатите на сите талентирани курсисти има посебно место во моето срце. Тоа е микс на емоции од тажни до возбудливи за нивните идни подвизи. Морам да споменам дека и нашите проекти како што се завршните ревии и презентации претставуваат моменти кои ме исполнуваат со особена гордост и се потврда за вложениот труд. Женски Магазин По завршувањето на секоја обука и курс организирате и дополнителни проекти и ревии и различни настани, кои навистина изгледаат доста професионално и светски. Дали со ваквиот начин на презентирање на веќе сработеното од идните дизајнери или шминкери, фризери се добива и понатамошна мотивација и понуди за работа од веќе успешни брендови? Марина Кариера Плус е секогаш ориентирана кон своите курсисти и нашето внимание е насочено кон нивниот професионален развој. Затоа се трудиме да организираме настани кои ќе ги претстават идните таленти во вистинско светло. Покрај потребната обука која нашите курсисти ја добиваат со секој завршен курс, ние сме тука да им помогнеме и да ги советуваме во поглед на значајни бизнис одлуки. И се разбира преку нашите контакти со фирми и брендови со кои веќе соработуваме се трудиме на нашите курсисти да им обезбедиме можност за понатамошна професионална надообразба. Професионалниот успех на нашите курсисти е особено важен за нас и секогаш сме особено горди на сите оние кои успеале да ги остварат своите цели. Женски Магазин Кој стои зад тимот на Кариера Плус? Марина Тимот на Кариера Плус се состои од искусни и доста професионални луѓе кои покрај тоа што успеваат да им го пренесат своето знаење на нашите курсисти исто така се трудат секогаш да бидат тука и да им понудат совети во нивните понатамошни потфати. Сите наши ментори го даваат својот максимум за време на курсевите и остануваат во блиски контакти со нашите курсисти. Кариера Плус се гордее со својот тим и се разбира со резултатот од нивната напорна работа. Женски Магазин Каде би можеле да ве најдат сите заинтересирани? Марина Секој кој е заинтересиран може лично да не посети во нашите простории на улица Митрополит Теодосиј Гологанов број 36 во Скопје, секојдневно, но исто така може да не контактираат на бројот 078 / 248252, на нашата Фејсбук страна КARIERA PLUS и на нашиот официјален мејл karierapluskursevi@gmail.com. Женски Магазин - Што би им препорачале на нашите заинтересирани во однос на кариерата? Марина -Најдобриот совет кој би им го дала на сите кои се заинтересирани за успешна кариера кај нас би било секој ден да се качуваат едно скалило погоре. Патот кон успехот можеби е тежок, но полн е со прекрасни глетки и спомени. Доколку го поседувате потребното знаење ништо не може да ве спречи. А Кариера Плус ќе биде секогаш тука да ви помогне и да ве бодри. СЕГА МОЖЕШ САМ! СЕГА Е ВРЕМЕ ДА ПОЧНЕШ И ДА УСПЕЕШ, ТВОЈАТА КАРИЕРА СО КАРИЕРА ПЛУС… За Женски Магазин, Нина Беадер Fb strana : https://www.facebook.com/BeaderHristina/ Web Strana : https://ninabeaderblog.wordpress.com/