Изострено перо // Поезија
Кажи дечко?!!
Од мала бев висока. На 11 години бев 173 см со четриесче ноџуленценце. Големо дете машала машала. Додека не им допораснав до 180 см со четрстројче перајче. Тогаш на поминување ми се обраќаа со ЕЈ ДЕЧКО, ме прашуваа да не сум повторувала одделение… Те
Од мала бев висока. На 11 години бев 173 см со четриесче ноџуленценце. Големо дете машала машала. Додека не им допораснав до 180 см со четрстројче перајче. Тогаш на поминување ми се обраќаа со ЕЈ ДЕЧКО, ме прашуваа да не сум повторувала одделение… Тешко, тешко детство… На екскурзија во Лешок во седмо одделение: - Еј дечко колку е саат? - Ама не сум дечко…- онака тивко со естрогенското гласче и благо насолзување во очи. Епа шо си? Е не ти раѓам тебе деца па што сака нека биде! Пораснав. Се вртам по дома, сè од женска страна, фабрички вграден ер бег, јас така така… Застанав еден ден на врата, кренав показалец во вис и подвикнав: - Ако ер бегов не ми порасне, ќе ставате силикони! - и победоносно заминав. Немаше потреба од силикони. Само доцна процветав. Трпение си барало, како и сè друго во животов. Мислев: готово, завршивме со Еј дечко, Кажи дечко и други Дечко дечко ситуации, ама неее, зошто би завршиле кога можеМЕ да трауматизираМЕ? Обично сум Еј дечко дечко и Кажи дечко на зима. Тоа сфатив оваа зима кога два пати бев дечко. На лето ербегот се познава, на зима ме прави да личам ко да сум припадник на специјална единица за брзи интервенции изгледа. Еднаш придржав врата на бабичка во аптека, ми рече: Фала дечко - се насмеав љубезно и потрепкав. Вториот пат во пекара: Кажи дечко! Ќе дојде лето, ќе видите вие дечко дечко…ај... Јас сум Огнена Дамјана, мајка на два малолетни деца и две во срцето. Од супер моќи издвојувам, на лето да сум девојче, на зима да сум Еј дечко дечко или Кажи дечко За Женски Магазин, Огнените Ѕверови на Дамјана