Како се прославува кинеската нова година

Добивај вести на Viber

За разлика од нашиот начин на прославување на Новата година, Кинеската нова година се прославува нешто подоцна. Кинеската нова година секоја година се прославува на различен ден, кој паѓа помеѓу 21 јануари и 16 февруари, поради лунарниот календар. Интересно е тоа што таа се прославува цели две недели. Ја прославуваат на многу интересен начин како фестивал со големи експлозии на музика и светла, вклучувајќи огномети, ѕвончиња и традиционалниот танц на лавови со маски. Како сите прослави низ светот така и кај нив се собираат фамилиите заедно за вечера и го чистат својот дом за да ја избркаат лошата среќа на Новогодишната вечер, а децата традиционално добиваат црвени пликоа со „среќни пари“ и убави желби за новата година. Тие оваа 2018 година ја прославуваат во знакот на Кучето и затоа оваа година ќе биде „Година на кучето“. Овој знак влегува во 12 годишно растојание, така што тие кои се родени во 1946,1958, 1982,1994, 2006 и 2018, се всушност родени во зодијакот Куче и 2018 година ќе биде нивна среќна година. За Женски магазин, Ана Јордановска