Животна училница // Приказни
КАЛИОПИ, ЕСМА,ТИЈАНА: Кога ги заработиле првите пари и на што ги потрошиле?
Калиопи и Тијана се меѓу малкуте пејачи и музичари кои живеат само од уметност. Денес имаат привилегиран статус и можат да се пофалат со солидна заработувачка, а успешните луѓе секогаш со задоволство се сеќаваат на нивните професионални почетоци, на првите заработени пари и како истите ги потрошиле.
Во интервју за црногорскиот портал Café del Montenegro Калиопи Букле откри дека првиот хонорар го добила кога имала само 9 години.
- Тогаш ја снимив мојата прва песна „Мојата учителка“ со која победив на детскиот фестивал „Златно славејче“ во 1976 година. Бев многу изненадена кога по снимањето ме пратија на благајната на тогашната Радио Телевизија Скопје да го подигнам својот хонорар. Сите пари ги потрошив на подароци за моите родители, за брат ми и сестра ми–откри популарната пејачка и авторка.
[caption id="attachment_18279" align="aligncenter" width="600"] Калиопи на 9 години ги заработила првите пари[/caption]
За српското издание на магазинот „Хелоу“ Тијана Дапчевиќ раскажа дека првиот работен ангажман го имала на 16 години.
- Снимив реклама за еден популарен пијалок и добив солиден хонорар. Веднаш отидов во шопинг, си купив капут и чизми и бев најмодерна во училиште – во препознатлив стил објасни Дапчевиќ.
[caption id="attachment_18277" align="aligncenter" width="456"] Тијана снимила реклама, па си купила капут и чизми [/caption]
За првиот хонорар секогаш со задоволство евоцираше спомени и покојната Есма Реџепова Теодосиевска. Тоа се парите од победата на натпреварот „Микрофонот е Ваш“.
- Премијата беше колку четири просечни плати во тоа време. Настапив без знаење на мајка ми и татко ми кои на почетокот сметаа дека занимавањето со музика е недолична професија. Парите ги сокрив во чинтијаните-раскажа Есма.
По неколку дена емисијата се емитувала на радио. Кога нејзините родители дознале за овој ангажман, морала да признае и за парите. Купила подароци за целото семејство, а за неа не останал ни денар.
[caption id="attachment_18278" align="aligncenter" width="300"] Првиот хонорар го сокрила во панталоните: Есма Реџепова[/caption]
За Женски Магазин, Ѓорге Стојанов