Животна училница // Приказни
Ким Кардашијан и Кание Вест му кажаа добредојде на нивното трето дете
- 17 Јануари, 2018
Реалити ѕвездата Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг Кание Вест соопштија дека станале родители по трет пат. Детето било износено и родено од сурогат мајка.
„Таа е тука! Толку ја сакаме“, напиша Ким на социјалните мрежи.
Во краткото соопштение Ким пишува дека нивната „здрава, убава“ ќерка дошла на свет во понеделникот околу пладне, тежи 3,3 кг. Името на бебето не е соопштено.
Кардашијан и Вест се венчаа во мај 2014 година и веќе имаат две деца: ќерката Норт која има 4 години и синот Сент, кој има 2 години.
Според сајтот TMZ Вест платил 45 000 долари на сурогат мајката , на која и било забрането да пуши, да зема дрога, да си прави топли бањи и да јаде сурова риба за време на бременоста.