Животна училница // Приказни
Кога ти затреба помош-добро проучи ги луѓето!
Тоа сознание може да ти биде драгоцено. Токму во тој момент ќе откриеш што најдобро се тие. Тука најдобро ќе ги прочиташ.
Немој да те залажува твојот став за луѓето кои си ги стекнал во моменти кога ти било добро, кога си имал пари, кога си жнеел успеси на различни полиња бидејќи она што тогаш ти го направиле и говореле тие луѓе е не поради она што ти си го правел и постигнувал, туку поради она што ти навистина си бил во тој момент.
Кога ти затреба помош во животот научи добро да ги набљудуваш луѓето бидејќи луѓето немаат само едно лице, луѓето имаат сто маски кои по потреба ги користат во различлни ситуации.
Кога ти затреба помош во животот знај дека нема да ја добиеш од оние од кои цело време си очекувал, оние кои се правеа како големи алтруисти и хуманитарци, оние кои често го споменуваат зборот пријател, човек и користат такви фрази твоето срце да се стопи од нежност.
Кога ти затреба помош во животот научи добро да ги набљудуваш луѓето бидејќи тука најдобро ќе видиш дека луѓето се разликуваат. Тука се делат оние кои ќе ти помогнат, без приговори и потценувања и оние кои ќе ти поставуваат услови и ќе ти бараат надомест за тоа што ќе ти помогнат.
Ќе видиш дека оние моќните, оние кои имаат многу, оние кои се претвораат дека се добри брзо ќе исчезнат, а ќе остане дланка луѓе кои навистина ќе бидат твои вистински пријатели.
Кога ти затреба помош во животот ќе доживееш вистинско изненадување измешано со шок.
Прво ќе те изненадат оние од кои си очекувал помош, а безтрага исчезнале, а потоа позитивно ќе те изненадат оние кои ти помагаат, а од нив не си очекувал.
Нека тоа сознание ти стане показател во која насока ќе оди твојата иднина, кои луѓе ќе ги почитуваш како капка вода на дланка, а од кои ќе го кренеш сидрото и тргнеш во нов живот без нив.