Како оваа Инстаграм ИТ девојка, ја изгради својата модна империја ?Запознајте ја Кјара Ферањи ! Модна икона со над 10 милион следбеници на социјалните мрежи , глобален амбасадор на Пантен и поубавата половина на италијанскиот рапер Федез.Кјара Ферањи веќе одамна е позната на светската јавност, и важи за доста влијателна личност во светот на модата. Според Форбс, оваа млада дама сосема заслужено го држи местото број 1 на листата за највлијателен моден блогер за 2017-та година.Својот блог ‘’The Blonde Salad’’ , таа започнува да го пишува уште во 2009-та година, кога феноменот ,, моден блог’’ започнува да се шири низ светот. За овој период, таа во своето интервју за Форбс вели дека 2009-та година била најдобрата година да се започне моден блог, бидејќи тогаш уште од самиот почеток познатите брендови почнале да ја контактираат и да остваруваат соработка со Ферањи.Иако досега има соработувано со големи имиња како Gucci , Guess, но нејзината желба отсекогаш била да дизајнира сепак своја лична колекција.Па така, набргу доаѓа и до создавање на брендот ‘’ The Chiara Ferragni Collection’’ , каде нејзиниот мотив ‘’emoji еye’’ e всушност нејзиниот препознатлив симбол на целовкупната колекција.Досега има дизајнирано патики, еспадрили, сандали, апостолки, чанти , јакни и џемпери и останато, но воедно има и доста успешни соработки со големи имиња, како Steve Madden, Redken, YSL, Victoria’s Secret, Louis Vuitton и уште многу останати.Нејзините колекции можат да се најдат низ 350 продавници низ целиот свет, почнувајќи од Милано до Шангај. За тимот на Ферањи од особена важност е Азискиот пазар, каде што во блиска иднина се очекува отварање на нови 20-тина продавници во Азија.Ферањи многупати ќе се најде на насловните страници на престижните списанија, но добитничка е и на многу награди како што се : Bloglovin’ , Италијанските TRL AWARDS , додека Њујорк ја прогласи и претстави на јавноста занајпробиената улична стилска модна икона за 2011-та година.Во 2015-та година, таа е првиот моден блогер кој се појавува на насловната страница на VOGUE Шпанија.Покрај успешниот блог и веќе оформената бизнис кариера, она што ја дополнува нејзината популарност е и нејзиниот приватен живот , каде што заедно со познатиот Италијански рапер Федез важат и за едни од најпопуларните парови и моден тандем .Оваа година нејзиното момчеФедез оствари соработка со Bershka, чија колекција е доста барана низ Европа, особено во Италија.За Женски Магазин, Нина БеадерЛинкови : http://www.theblondesalad.com/https://www.chiaraferragnicollection.com