Лав Толстој: Барајте добро во луѓето!

Добивај вести на Viber

Кога на некому му се лутиме, обично бараме оправдување за својата лутина и се трудиме да видиме само зло во оној на кој му се лутиме. И со тоа ја зголемуваме својата омраза. А треба сосема спротивно: што повеќе се лутиме, толку повнимателно треба да бараме се што е добро во оној на кој му се лутиме, и ако ни тргне од рака да најдеме добрина во тој човек и да го засакаме, не само што ќе ја ослабеме својата лутина, туку ќе почувствуваме и лична радост.