Животна училница // Приказни
Мишел Обама ја сподели својата слатка плејлиста за „Денот на вљубените“ за нејзиниот еден и единствен сопруг Барак Обама
Пораките кои Барак Обама и Мишел Обама си ги испратија меѓусебно ќе ви пренесат многу чувства и малку музика кои ќе ве стават во расположение.
„Среќен ден на Заљубените на мојот еден и единствен Барак Обама. За да ја прославиме оваа пригода ти посветувам скромна плејлиста за Валентајн!...напиша на својот Инстаграм и Твитер профил поранешната прва дама, споделувајќи лично составена плејлиста на Spotify со 44 песни за 44тиот претседател.
Некои од песните на плејлистата наречена Засекогаш мој: Од Мишел за Барак ги вклучуваат „Halo“ од нивната пријателка Beyonce, „Forever Mine“ од Andra Day, „Stand by me“ од Ben E. King и „Аt last“ oд Etta James
. Поранешниот претседател исто така сподели искрена порака до неговата сопруга веќе 25 години.„Среќен ден на вљубените Мишел Обама. Ти го правиш секој ден и секое место подобро “. Тој напиша твит со фотографија од парот кој изгледа релаксирано и спокојно.
Љубезните пораки дојдоа после еден месец откако поранешниот претседател ја разгали својата жена за нејзиниот 54ти роденден. „Ти благодарам Брак Обама за прекрасните цвеќиња кои ме чекаат утрово во канцеларијата“- напиша госпоѓа Обама. „Ти си мојот најдобар пријател, најголем обожавател и добивањето на цвеќиња и пораки од тебе никогаш нема да остари“ Картичката беше адресирана до „Мишел“ и потпишана „Среќен роденден“.