Момче од село ги прозва градските фраери: Во градовите всушност живеат вистинските селјаци

Добивај вести на Viber

Се викам Јосип и имам 20 години. Роден сум на село, отидов во град да се школувам, но се вратив. А ќе ви откријам и зошто. Пред 10 години отидов да живеам во град. Завршив средно школо, се запишав на факултет и планот ми беше да останам, но не можев повеќе да го трпам тој градски менталитет. Нас на село не нарекуваат селјаци и со уште какви не имиња. Но, во градовите всушност живеат вистинските селјаци. Секој клуб пушта пејачки, секој кафич е преполн со фенси екипа. Важно е каков автомобил возиш и  на која престижна дестинација си отишол на скијање или летување. Па колку лајкови ќе имаш на социјалните мрежи... Искрено ништо од тоа не ме интересира и не ме интересираат такви луѓе. Не ме интересираат луѓе кои ќе глумат дека се пријатели и дека кажуваат како им е супер, а всушност мислат лошо за тебе. Такви се повеќето млади во градовите. Добро ги запознав и се разочарав. Знам за што зборувам бидејќи долго живеев овде. Како што гледате и по пишувањето знам добро да пишувам бидејќи имам доказ дека поминав низ сето тоа. Сето тоа е една фејк екипа. Која е поентата да го возиш најбрзиот автомобил во градот или да имаш најскапа облека на себе? Која е поентата? Ок, градот е преполн со спонзоруши кои демнат на секој агол барајќи плен добро да се омажат и лесно да живеат. Тоа е поентата на се? Се тоа ми се здосади. Кај нас на село тоа не е важно. Да, работиме секој ден тешки работи и внимателно заработуваме за секој леб. Макар понекогаш немаме помош. Моите родители инаку добро живеат и имаат своја фарма, но сеедно секојдневно макотрпно работат како сето тоа би функционирало и како би исплатиле плати. Кога ме пратија во град мислите дека ми дале куп пари да се правам важен? Не, грешите. Ми дадоа за школување и за џепарац. Живеав скромно, иако можев како сите тие млади кои се занесуваат. Кога тргнав на факс, родителите ми рекоа да најдам работа и да заработувам за свој леб како би знаел што е одговорност. Можете да ме плукате, но сите знаете дека сум во право. Го напуштив факсот бидејќи не можев повеќе да го издржам тој менталитет и отидов да работам на село. Работам цел ден и тоа е многу поубав живот. Свеж воздух и природа. Не морам да се грижам што ќе облечам или со каков автомобил ќе се провозам. Тоа кај нас не е важно. Сите бегаат од село во град мислејќи дека ќе имаат подобар живот. Тука грешката ја направив, но немојте и вие. На село имате земја и секогаш можете од неа нешто да направите. Да го прехраните семејството или да почнете свој бизнис. Земјата е злато.