МОН со поддршка за #СегаКажувам

Добивај вести на Viber

МОН ги охрабрува сите ученици и студенти да пријават обиди или случаи на сексуално вознемирување во Државниот просветен инспекторат, но и наставниците, кои исто така треба да пријават случаи на сексуално вознемирување доколку ги забележат, и да ги заштитат своите ученици и студенти. Сексуалното насилство и вознемирување во образовните институции е прашање што ги засега подеднакво сите: учениците, студентите, наставниците, родителите и семејствата, образовната заедница и општеството. Наставникот/професорот треба да претставува пример во однесувањето за своите ученици и студенти и затоа најстрого ќе ги казниме ваквите сериозни престапи за несовесно и неетичко работење.
  • СегаКажувам ги охрабрува сите жртви на сексуално вознемирување да ги изразат своите трауматични искуства и да ја кренат свесноста за ова значајно прашање.
  • СегаКажувам за елиминирање на табуата во образованието и за подобро сексуално здравје.