Животна училница // Приказни
Награда „Најдобар пример за бизнис жена во Југоисточна Европа“, на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели 2018 за Данела Арсовска
Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија Данела Арсовска на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели во Истанбул е добитник на наградата „Најдобар пример за бизнис жена во Југоисточна Европа“.
На форумот има вкупно шест добитници од целиот свет, а покрај Арсовска наградени се претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, Баласз Ракози, државен секретар на Министерство за национална економија на Унгарија и лидер на делегација на Вишеградската четворка, Даун Хетзел од САД, претседател на ЈСК, Филипе Араујо, вицеградоначалн ик на Порто, Потугалија.
За време на тридневниот форум, Арсовска ќе биде и специјален говорник на „Самитот за влијанието на инвестициите“ со фокус на „Влијанието на жените лидери во процесот на инвестирање со добивка“.
Светскиот конгрес на бизнис ангели 2018 е домаќин на повеќе од 1.200 делегати од над 70 држави од целиот свет. Организирани се пет различни самити на значајни економски теми на кои дискутираат еминентни личности од политиката, бизнисот, науката, корпоративната елита. Целта на Светскиот форум на бизнис ангели е поврзување на бизнис ангелите, менаџерите на фондови, на берзи, извршни директори на корпорации во насока на размена на најновите информации за движењето на капиталот и паметно инвестирање.