Нема веќе летно и зимско сметање на времето?

Добивај вести на Viber

Долго се дебатира за штетното влијание на стрелките на часовникот по здравјето на луѓето. Таа пракса е укината во Русија, Исланд, Белорусија и Турција, а после денешната одлука на ЕП тоа би можело да се случи во цела Европа. Во резолуцијата, Европскиот парламент повика на длабинска проценка на промената помеѓу зимското и летотното сметање и за промена на режимот доколку е потребно. Резолуцијата беше усвоена со 384 гласови за, 153 против и 12 воздржани. Според европарламентарците, многу студии не успеале да постигнат конечен резултат, но од друга страна има индикации за негативни последици за здравјето на луѓето. Членовите на Европскиот парламент ја повикуваат Европската комисија да направи детална проценка на ЕП и на Директивата на Советот за аранжмани за лето и, доколку е потребно, да даде предлог за ревизија.