Непроценливи совети од Франсис Скот Фицџералд до неговата ќерка

Добивај вести на Viber

Во 1933 година, големиот американски писател Франсис Скот Фицџералд напишал писмо до неговата ќерка, која во тоа време имала 11 години. Во своето писмо, тој и дава непроценливи совети за  што заслужува да се грижи во својот живот и за што воопшто не треба да се грижи. Грижи се за храброста. Грижи се за чистотата. Грижи се за твоите вештини за јавање. ... Не грижи се за мислењето на луѓето. Не грижи се за куклите. Не грижи се за минатото. Не грижи се за иднината. Не грижи се за тоа што растеш. Не грижи се што некој е пред тебе. Не грижи се за триумфите. Не грижи се за неуспехот, освен ако тоа не се случило со твоја лична грешка. Не грижи се за комарците. Не грижи се за мувите. Не грижи се за инсектите воопшто. Не грижи се за твоите родители. Не грижи се за момчињата. Не грижи се за разочарувањата. Не грижи се за задоволство. Размисли за следново: Што всушност сакам да направам? Колку сум добар/ добра спрема врсниците во однос на: А) стипендија. Б) Дали навистина ги разбирам луѓето и можам да се согласам со нив? В) Дали се обидувам да го направам моето тело корисна алатка или да го игнорирам?