,

Нова модна ера во Македонија на Ивана Кнез – #Concept2020

Добивај вести на Viber

Дали ние, луѓето, живееме во свет на криза со идентитет, колку мажите и жените се различни или еднакви, но и колку човечките битија се робови на општеството кое сами го креираат?! Ова се само дел од прашањата кои креаторката Ивана Кнез ги отвори директно на модното спектакуларно шоу на колекцијата #Concept2020 која беше презентирана на Модна недела во Скопје, есен-зима 2017/2018. [gallery size="full" ids="2715,2716,2717,2718,2719,2720"] „Глобализацијата како тема на мојата лимитирана едиција, инспирација на нашето секојдневното наше живеење, какви Андроиди сме ние, заглавени во електронската ера. Колекцијата е ресајклинг, пет френдли и приспособлива за нашиот пазар со префинет вкус. Сите ние како сонувачи во потрагата по постојано наше совршенство треба да имаме само една водилка во животот а тоа е љубовта. Се надевам дека барем малку допрев директно до вашите срца. Благодарност до целиот мој тим, Модна недела и сите мои Драма пријатели кои присуствуваа.  вели Ивана Кнез. [gallery size="full" ids="2721,2722,2723,2724,2725,2726"] Фотосесијата за колекција е на HLVK Photography Goran Popovski, со рускиот модел Ксенија - the Android, Васе Доковски - VD Make Up and Social Hair Salon, со потпис на Студио Драма. [gallery size="full" ids="2727,2728,2729,2730,2731,2732,2733,2734,2735,2737,2738,2739"]