Од врв до дно- животна приказна на бездомникот Таир Даут

Добивај вести на Viber

Некогаш со свој бизнис, денес бездомник. Животната приказна на 58 годишниот Таир  Даут  е полна со падови и животни грешки, кои вели го научиле на потежок начин колку е скапа цената на коцката и пороците. Животот му приредил многу удари. Отпрвин мислел дека со коцкање  лесно може да заработи, но финансиските малверзации и криминалот  го донеле само  до затворска келија. Една година ја одлежал затворската  казна, но поголема мака видел кога излегол од затворските ѕидини. Останал сам и на улица. Под ведро небо. Талкал по улици и паркови. Се развел од сопругата, ќерките го напуштиле. “Поминав тежок период во мојот живот. Секој ден се навраќам како беше, ама нема назад. Јас сум крив за целата состојба. Виновен  сум за разводот од сопругата, им правев проблеми. Децата тргнаа по свој пат, не комуницираме. Коцката е  лоша работа од која тешко се излегува. Една поука од моја страна  е никако да не  се почнува со таков порок. Една година бев во затвор, а потоа  мојот дом беше улицата. Паднав на дно, многу беше тешко”-вели Таир. Надежта му ја вратил Црвениот крст од каде му дале шанса да работи и да си ја врати волјата за живот. Се вработил како како бербер во пунктот за бездомници. Прима социјална помош од 1400 денари. Вели колку за храна, за друго не стигнуваат. Често легнува и со празен стомак. “Тешко е да се преживее со толку пари. Благодарен сум што во пунктот ме прифатија веднаш, ми дадоа нова шанса. Кога доаѓам тука се чувствувам сигурно и корисно”- додава Таир. Целата приказна прочитајте ја тука.