Подарокот на Меган Маркл ја расплакал кралицата: Ваква реакција ретко се гледа!

Добивај вести на Viber

Меган Маркл не само што ја воодушевува публиката и обожавателите, веќе со леснотија ја освојува и секогаш строгата и резервирана кралица Елизабета. Тоа го потврдува и фактот дека на традиционалното божиќно славење во Сандрингам, каде била повикана како специјална гостинка, донела совршен подарок кој едноставно ја воодушевил 91-годишната владарка. Кралското семејство веќе со години ја почитува одлуката по повод Божиќ едни на други да си даруваат интересни подароци, а не скапоцени. Така неодамна се дозна дека војвотката Кејт Мидлтон за минатиот Божиќ на кралицата и подарила исклучително иновативен подарок. И подготвила „чатни“ (chutney) – познат слатко-кисел сос, кој се подготвува од мешавина на овошје, оцет, зачини,  а најмногу шеќер. Оригинално рецептот е од Индија, а кралицата наводно е луда за него. Семејството со задоволство се сеќава и на подарокот на покојната принцеза Дајана, која сите знаела слатко да ги насмее. Во една прилика на својот постар син Вилијам му подарила порцелански сет со ликовите од цртаните филмови „Вини Пу“. Во шегобијната приказна сјајно оваа година се вклопи и идната членка на семејството Меган Маркл, која на кралицата и подарила плишена играчка, поточно хрчак кој пее. Откако Елизабета го отворила подарокот, едно од нејзините куќиња се обидело да го зграби хрчакот, што ги насмеално сите присутни. „Хрчакот во иднина би можел да им прави друштво на моите кучиња“, искоментирала бабата на Хари. Странските медиуми пишуваат дека кралицата била толку воодушевена од подарокот и реакцијата на нејзиниот миленик што се смеела до солзи, што е навистина ретка глетка.