Животна училница // Приказни
ПОИНАКОВ СВЕТ: Mладите денес не сакаат да пијат и се мирољубиви
Денес младите за разлика од претходните генерации помалку пијат, пушат, подоцна стапуваат во сексуални односи, но затоа не се разбираат добро и се поизолирани.
Младите сега повеќе се грижат за здравјето и изгледот.
За разлика од порано сега младите размислуваат поинаку, а тоа може да се види од САД и Холандија, па се до Јужна Кореја, покажа истражување на Европскиот центар за дрога и зависности од дрога.
Помалку младите користат дрога од порано, пишува Економист.
Уделот на млади од 15 и 16 години кои пробале цигара се намалува од 1999 година во сите земји.
ПАД НА КОРИСТЕЊЕ НА ОПОЈНИ СРЕДСТВА
Можеби најочигледна промена е што младите поретко се пијани. Младите во Австралија пробуваат алкохол на 16.1 години, а во 1998 година тоа го правеа на 14.4 години.
Во Британија петина од младите на возраст од 16 до 24 години воопшто не пие.
Ноќните клубови работат лошо, а секоја година се затвораат по 1000 пабови.
Кејт Николс која е од оваа брашна вели дека порано младите излегувале, пиеле и не знаеле што да нарачаат за пиење, а денес тоа не е така.
Во Хрватска третина од адолесцентите пијат, а повеќето од нив две пати во животот се опијаниле, што е повеќе од другите земји во ЕУ.
Момчињата пијат повеќе од девојчињата. Дури 40% од 15 годишниците пијат или се опиле некогаш. Истото важи за 24% од девојчињата.
Уште еден позитивен тренд е што младите се мирољубиви. Физички пресметки меѓу млади на возраст од 13 до 15 години се ретки во ЕУ. Малолетнички злосторници има се помалку во Англија и Велс.
Во 2007 година во притвор биле 3000 млади, а во 2016 само 1000.
Младите ретко ги кршеле правилата како што правеле претходните генерации.
Во САД бројот на млади од 20 до 24 години без партнер е 15.2%, а претходно во 60-те години бил 6.3%.
Во Јапонија сиуацијата е екстремна. Во 2015 година 47% од младите кои не се во брак кажале дека никогаш немале секусални односи.
Се смета дека овие трендови се како резултат на тоа кон што родителите ги насочувале децата.
Друга причина е што луѓето сега имаат помалку деца и имаат време да се посветат на секое дете посебно.
Децата денес многу повеќе разговараат со родителите за разлика од порано.
Друга причина е што фокусот е ставен на учење и образование.
Има и миграција на младите од места каде алкохолот, дрогата и сексот се табу тема.
Имаат пристап на интернет, но се осамени. Бебињата кои денес се родени во богатите земји се очекува дека ќе живеат 80 години.