Животна училница // Приказни
Ракометарите ќе бидат мотивирани со премија од 100 илјади евра за полуфинале
Ракометот повторно е во фокусот. Македонските ракометари од утре го почнуваат учеството на Европското првенство. Македонија по петти пат ќе биде дел од собирот на најдобрите на континентот.
Ракометната федерација на Македонија (РФМ), односно претседателот Живко Мукаетов ветил премија од 100.000 евра за ракометарите, доколку успеат да стигнат до полуфиналето на Европскиот шампионат во Хрватска. Ова е најголемата премија која е понудена за една наша селекција досега.
Покрај оваа премија, првиот човек на РФМ, Мукаетов ги одреди и премиите за пласман во фаза на ЕП, а тие се 30.000 евра, односно доколку црвено-жолтите завршат на петото или шестото место тогаш премијата ќе изнесува 60.000 евра.
Прв настап на Македонија е утре (сабота) кога со почеток од 19:30 ќе играме против Словенија. Репрезентацијата на Словенија се соочува со сериозни проблеми поради повредените ракометари. Два дена подоцна од овој натпревар, Македонија ќе излезе на мегдан со Црна Гора, а на 17. јануари групната фаза ќе ја заокружиме со актуелниот европски шампион Германија. Првите три селекции од нашата група патуваат во Вараждин каде ќе вкрстат со трите најдобри од групата Д каде се Данска, Шпанија, Унгарија и Чешка.