Сакате да пиете чај? Психолозите тврдат дека ги имате овие особини

Добивај вести на Viber

Доколку често пиете чај  веројатно имате поголема фантазија од луѓето кои го избегнуваат овој топол пијалок. Тим на психолози на Универзитет во Пекинг во списанието „Food Quality and Preference” објави истражување во кое учествувале 50 студенти на возраст од 20 години. Половина од студентите секој ден пиеле црн чај, а другите пиеле обична вода. Психолозите ги следеле нивните вештини низ различни тестови. Во првиот тест студентите требало да направат зграда од различни блокови, а во вториот да смислат име за ресторан. Студентите кои пиеле чај покажале подобри резултати и поголема креативност во двата теста. Истражувањата покажале дека пиењето чај пред секој тест ги зголемува вештините кај луѓето. Но, тоа не значи дека луѓето кои подолго време пијат час ќе станат покреативни. Чајот содржи супстанции кои го релаксираат мозокот за кој, според психолозите, луѓето се порелаксирани во користењето на сите свои капацитети и затоа повеќе креативно размислуваат. Така да, ако ви е потребна поголема концентрација пред работа, напијте се шолја кафе.