Чекам
на граница на своето трпение
да го видам доброто во луѓето.
Добивам лажен ветар во грб
и стотина сопки
на патот кон една капка среќа.
Го давам најдоброто од себе
и времето го трошам
со погрешни луѓе.
Вистината ја ценат
како мртов фенер
сведок за едно време
во куќа пред распаѓање.
Чекам подобро утре
во чекалната на животот
со безброј неканети гости
За Женски магазин, поетесата Сања Атанасовска
Животна училница // Приказни
Сања Атанасовска: во чекалната на животот
Чекам
на граница на своето трпение
да го видам доброто во луѓето.
Добивам лажен ветар во грб
и стотина сопки
на патот кон една капка среќа.
Го давам најдоброто од себе
и времето го трошам
со погрешни луѓе.
Вистината ја ценат
како мртов фенер
сведок за едно време
во куќа пред распаѓање.
Чекам подобро утре
во чекалната на животот
со безброј неканети гости
За Женски магазин, поетесата Сања Атанасовска