Сања Атанасовска: гори свеќата

Добивај вести на Viber

Гори свеќата во собата што ме спасува од темнина и ме потсетува дека сум сама во студени ноќи и некрстени денови. Гори свеќата во собата како јаз помеѓу нас во кој месечината фрла сноп од ѕвезди а луѓето ја ловат тагата во моите очи. Гори свеќата во собата и секој ден е ист со причини и последици со збир од грешки и проста математика. Гори свеќата во собата гори свеќата во црквата што ја запалив во недела како добрината што пламти во потсвеста на луѓето што ги сакам. За Женски магазин, поетесата Сања Атанасовска