Сања Атанасовска: еден ден ќе ме заборавиш

Добивај вести на Viber

Еден ден годините ќе бидат само бројки и ќе се раководиме по мојот часовник. Сите зборови од мојата поезија ќе ја пронајдат својата сродна душа. Грижата ќе роди грижи и ќе се борат заедно за да го уништат моето несовршенство. И ти мене ќе ме заборавиш брзо час поскоро ден порано а јас ќе те паметам со години до мојата повторна средба со смртта. За Женски магазин, поетесата Сања Атанасовска