Сања Атанасовска: прстени од пепел

Добивај вести на Viber

На моите раце се бришат прстени од пепел. Јас сум дете на црквата извирам од еден поток. Додека трчам по добро злото ми е зад петици и ги крши сите прави линии испишани во песокот. Во твоите очи два различни света војуваат. Јас сум дете на црквата те гледам низ прстени од пепел и полека го напуштам твоето срце. За Женски магазин, поетесата Сања Атанасовска