Сања Атанасовска: се раѓам еднаш во сто години

Добивај вести на Viber

Се раѓам еднаш во сто години да си го славам името да бидам посебна да се огледуваат планините во моите очи да спие сонот во сенката на долината да молчам и да редам бисери околу вратот. Еднаш во сто години се раѓам и немам живот за грешки имам само грешки за поправање и сеќавања на гранките од летото. Се раѓам еднаш во сто години и живеам вечно со душа оставена меѓу корици. За Женски магазин, поетесата Сања Атанасовска Фото: Александар Колов