СЕ СВРШИ РАДИО ВОДИТЕЛКАТА АНА ШУТИНОСКА: Гордан ме побара за жена на семеен ручек

Добивај вести на Viber

Радио-водителката и музички новинар Ана Шутиноска, еден од заштитните гласови на „Антена 5“ радио се сврши. Партнерот на Ана е Гордан Лазаревски, по професија стоматолог. Ана на својот Фејсбук профил објави фотографија од неа и од Гордан, а свршувачката ја најави со слика од прстен. Убавиот момент се случи многу спонтано, во текот на семеен неделен ручек. Гордан и јас сме заедно повеќе од половина година“, изјави Ана за Женски Магазин. [caption id="attachment_14734" align="aligncenter" width="781"] Гордан е по професија стоматолог и се заедно со Ана повеќе од половина година[/caption] Убавата вест, на својот Фејсбук профил на објави и музичарот и диригент Љупчо Мирковски, чиј внук е Гордан. „Новите младенци. Внук ми Гордан ја побара Ана и таа рече да“, напиша Мирковски. [caption id="attachment_14736" align="aligncenter" width="750"] Ана, која инаку е послабо активна на Фејсбук, за љубовта со Гордан објави на 31 декември минатата година[/caption] Ана, која инаку е послабо активна на Фејсбук, за љубовта со Гордан објави на 31 декември минатата година. „Хајлајт на годината. Добредојде 2018“, напиша Ана под сликата со Гордан. Шармантната охриѓанка е дел од тимот на „Антена“ од неговото основање ги покрива многуте светски музички настани кои радиото ги следи изминативе години. Таа ги буди своите слушатели секој работен ден од 9 до 10 часот во емисијата „Започни го денот со „Антена 5“. Од 10 до 11 часот, заедно со колешката Дени Станоевска-Џидрова чија кума е, Ана продолжува во емисијата „Светот на музиката со Ана и Дени“. Ана имаше ТВ искуство, прво како репортер а потоа и како водител на емисијата „Вртелешка“ со Весна Бејби Петрушевска и со Петар Ѓошев, а беше избрана за македонски претставник како водител и музички новинар во регионалниот музички канал „Ем-Ти-Ви Адриа“. За Женски Магазин, Милица Џаровска