Животна училница // Приказни
СОВЕТИ ОД ПСИХОЛОГ: 3 начини да привлечете среќа во вашиот живот
Многу луѓе мислат дека среќата е нешто неочекувано што не потклекнува на дефиниција и во кое едноставно веруваш (или пак не веруваш). Сепак, британскиот психолог Ричард Вајсман има друго мислење. Според него, среќата следи посебни нешта кои се поврзани со нашето однесување, начин на живот и размислување.
Еве што велат неговите совети за среќа сумирани од BrightSide.
1. Проширете ги можностите.
Прекумерна концентрација врз она што го имаме (или не) во животот ни го одвлекува вниманието од пребарувања, искуства и создавање на нови нешта. Чувајте ги очите и умот отворени. Не чекајте работите да се случат. Бидете господари на вашиот живот и не плашете се од непознатото.
2. Слушајте ја вашата интуиција.
Среќниците ги слушаат сигналите кои телото и умот им ги праќаат и учат да ги применуваат правилно. Исчистете го умот од вообичаените сомнежи и тензии и обидете се да се дружите со вашиот внатрешен глас. Еден начин е да започнете со размислување.
3. Очекувајте да имате среќа
„Среќа е да верувате дека сте среќни“. Овој став им помага на повеќето луѓе да одржуваат позитивен и оптимистички став, без оглед на околностите. Наместо да губите енергија, очекувајќи да се случи нешто лошо, употребете ја на повеќе позитивен начин.