Тања Кармзова Костиглиола: Кога дојде во февруари

Добивај вести на Viber

Ти ги збунив клетките давајќи ти илузија на зраци, а никогаш светлина.  Ти живнаа пупките од божемна фотосинтеза и ти се ширеше постоењето. Од моето ритмично дишење остана само бревтање на долгогодишен пушач. Те фрлив позади куќата, заради домот. И сè додека ти пушташ корења - - ќе ми се нишаат животните темели. За Женски магазин, поетесата Тања Кармзова Костиглиола