ТОШЕ, КАЈ И ДА СИ БРАНИ НЕ ОД ЗЛО: Среќен 37 роденден!

Добивај вести на Viber

Неговите песни и лик се насекаде околу нас. Да беше жив Тоше денес ќе полнеше 37 години. Oбожавателите ширум регионот ќе му оддадат почит. Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година. Тој ден цел Балкан го разбуди веста која одекна како молња. Многу негови фанови беа убедени дека ова е само една неубава шега, но кога почнале да стигнуваат првите фотографии од смачканиот џип со потпис „Тоше“, сите сомневања исчезнаа. Принцот на балканската поп музика беше мртов. Проески е погребан во родното Крушево со највисоки државни почести, а од популарниот пеач се простоија неколку илјадници луѓе. Постхумано е прогласен за почесен граѓанин на Македонија. Љубовта кон музиката и песната го одредувале неговиот животен пат уште од детството. Првиот настап пред публиката Тоше го имаше на 11 години на детскиот фестивал „Златно славејче“. После неколку години неговиот талент го препознава еден од најпознатите македонски композитори и оттогаш неговата кариера тргнува само нагоре.
Неговата популарност на Балканот расте, а поради своите хуманитарни активности станува идол на младата популација. Суперхеројот кој им дава надеж во победа на доброто над злото.
Тоше знаеше чето пати да не изненади со цитати, од кои ви пренесуваме неколку-„Не сакам да ми симнувате капа“. Сакам само да се гордеете со мене.-„Љубовта не е нешто со кое треба да тргуваш. Испрати ја и не очекувај кусур“.-„Не биди себичен. Суштината на животот е да се сака, да имаш некој што те сака, да си сигурен дека те сака и дека е само со тебе. Сакајте се!-Човекот мора да остане човек, без оглед на тоа со што се занимава и каков успех постигнал. -Да имам огромна моќ, макар и накратко, би направил да исчезне омразата и злото и луѓето меѓусебно да делат љубов. -Цел свет е убав кога си насмеан. Кога си нерасположен, те нервира и сончев ден. -Љубовта не е нешто со кое треба да тргуваш. Испрати ја и не очекувај кусур. Не биди себичен. Суштината на животот е да се сака, да имаш некој што те сака, да си сигурен дека те сака и дека е само со тебе. Сакајте се!
-Правата љубов е онаа љубов која ја дариш, а не очекуваш да биде возвратена. Кога се чувствува чувството на љубов, доволно е едносмерно. За врска треба да биде двосмерно, а за љубов е доволно само едносмерно. -За мене е незамисливо некој кој може да пружи нешто на оние кои имаат малку или воопшто, затвора очи и не пружа ништо. -Никогаш не би се откажал од пријателите. Секогаш би бил со нив. Во добро и во зло. Во добро да се радувам, во зло да помогнам. -Не сакам кога целта ги оправдува средствата, не сакам нечесни игри и не верувам дека во љубовта е сè дозволено – исто како во војната. -Сите ние луѓе, сме поврзани со некоја посебна сребрена жичка во својата душа. -Децата се дар од Бога и не можам да не им се радувам. Кога и да се до мене знам дека ме чуваат. За љубов би се борел до крај. За љубовта на личност што ми е драга, било да се работи за член на семејството, девојка или пријател. За љубов сум спремен на сè! Женски магазин, имаше и ексклузивно интервју со менаџерката на Тоше, која ни раскажа дека легендата ја викал Тетка Биберче. Прочитајте го тука интервјуто.