Утринско кафе со Аријана Коскарова: Ме мотивира стравот од неуспех

Добивај вести на Viber

Здраво Женски Магазин, денот ми почнува со свежо цеден сок, ова ми е еден ритуал од мајка ми, како дете секој ден ми носеше цеден сок во 6 часот наутро. Првото утринско кафе го пијам на работа, веднаш штом ќе стигнам во канцеларија. Имаме Lavazza машина, и јас или некој од колегите прави кафе за сите. Друг ритуал ми е читање на портали како Женски Mагазин и Фактор со кафе. Ме мотивира стравот од неуспех. Можеби е чудно но бидејќи сум лав во хороскоп важам за навистина амбициозен знак кој ретко се откажува. Од една страна неуспехот, а од друга страна неуморната желба за создавање. Иако сум во Тампа, Флорида сепак станувам и легнувам со Creative Hub. Константни состаноци со тимот во Скопје, за нашата маркетинг стратегија и оперативен менаџмент. Иако многумина не веруваат како може да се менаџира тим од Тампа во Скопје, сепак јас би им порачала дека живееме во глобализација. Глобализацијата сама по себе налага работа на далечина. Сепак ако би требала да ги издвојам обврските тогаш тие се нови идеи, контрола и follow up. Constant Follow up! Секој претприемач што го чита ова знае дека денот не завршува кога работите на стартап. Константно се размислува, константно се следи, константно се прават планови. Многу спротивно на другата страна каде како вработен во корпорација работниот ден ми завршувал во 6 часот и вечерта обично поминувала со драги пријатели или во домашна атмосфера. Во овој момент, среќна сум ако имам време да одам да вежбам 2-3 пати во неделата. Па љубител сум и на книги и на филм. Сепак со текот на годините ми се смени тематиката на избор на книги, сега купувам книги кои се поврзани со она што го работам, последна книга што ја прочитав на аеродром во Бали беше автобиографијата на Ричард Бренсон. Кога станува збор за романи претпочитам да гледам филм.