Утринско кафе со Венера Бановиќ: Мотивација ми е убавината на животот

Добивај вести на Viber

Мојот ден почнува со утринско кафе, кое го пијам во друштво на мојот сопруг. Пред сè мотивација ми е убавината на животот. Денот ми е однапред испланиран со сите обврски околу моите пациенти. Завршување на сите интервенции и укажување помош во дадени ситуации. На крајот задоволството да се видат насмеани лица е непроценливо. Потоа следат обврските околу моите деца. Поддршката кон мојата ќерка да ги заврши своите училишни обврски и со радост да продолжи кон својот клуб во ритамот на латино танцот. Потоа поддршката и кон мојот син да се завршат училишните обврски за навреме да се стигне на тенискиот терен. Денот секогаш ми завршува во друштво на моите најмили. Секогаш претпочитам да прочитам добра книга доколку имам можност. *Венера Бановиќ доктор по стоматологија