Животна училница // Приказни
Утринско кафе со Владимир Трајковски: Сакам кога денот го минувам со семејството
Денот ми започнува во моето ателје Владимир Трајковски, секако заедно со моите колеги Сашко, Цеце, Тања и Ивана. Го пиеме првото кафе, и се договараме околу тековните обврски.
Ме мотивираат и инспирираат си те оние видеа кои ги гледам по социјалните медиуми, во врска со шминката, фризурата, и стилот на луѓето. Мојата инспирација и мотивација е секако мојата драга и долгогодишна другарка Лила Филиповска.
Во последно време сум фокусиран на мојата работа во моето ателје. Сакам денот да го поминам со семејството и пријателите и секако да зготвам некој нов специјалитет.
Денот ми завршува некаде во 12 часот, секако кога имам обврски со целодневни снимања. Но кога имам слободно време, вечерта знам да ја поминам во некој од познатите скопски ресторани со моите пријатели.
Како што веќе напоменав, огромен љубител сум на филмови, особено научната фантастиката, а помеѓу снимањата секогаш во мојата чанта, покрај шминките и препаратите за козметика стои и некој добар бестселер.
*Владимир Трајковски, стилист