Утринско кафе со Елена Николовска: Инспирација добивам од животот

Добивај вести на Viber

Откако го отворив моето студио за убавина, Social Hair Salon, најчесто првото утринско кафе го пијам таму во друштво на гласна музика, читајќи модни портали и нормално Женски Магазин. Така добивам инспирација за тековните промоции кои ги нудиме во студиото, попустите во кои уживаат нашите клиенти секоја среда, ревии, сликања на кои сме ангажирани јас и мојот тим Најчесто наутро добивам инспирација што би сликале во понеделник попладне со Ана и Сале и некој одбран модел, е тоа драги мои ми е еден од најзабавните денови во неделата. Верувајте кога утрото ќе ми почне позитивно мотивацијата и инспирацијата доаѓаат сами по себе. Денот ми поминува како да траел еден час понекогаш… Инспирација добивам од животот. Од секоја препрека на која наидувам. Местата кои сум ги посетила, луѓето кои сум ги запознала. Секогаш добивам мотивација плус кога ќе видам насмевка на моите клиенти. Голема мотивација да продолжам да редам успеси се моите пријатели, кои ми даваат неизмерна поддршка во сѐ што правам. Денот најчесто ми завршува во топла купка после напорниот ден. Или некаде на вечера со другарките или на пијачка на нашите омилени места каде правиме планови која е нашата следна дестинација. Имав период кога читав многу книги, но сега ги заменив со сериите на ХБО и Фокс. Вечерта најчесто ја поминувам во пижами под ќебе, уживајќи максимално пред Тв. *Елена Николовска, стилист