Утринско кафе со Елена Петковска: Ме мотивираат моите соништа

Добивај вести на Viber

Кафето ми е како утрински будилник, нешто без кое не можам. Преку недела кога сум на работа, првото утринско кафе го пијам со моите колеги од работа. Кога ќе пристигнам на работа, кафето веќе е сварено и ме чека на маса :). Навистина е среќа да имаш колеги на работа со кои неизмерно се почитуваме. За време на викендите милувам да си поспијам подолго, бидејќи сум спанка и кафето си го пијам додека сум уште во пижами и навистина уживам во сето тоа. За среќа успевам буквално од сѐ да црпам мотивација. Од фамилијата, најблиските, од секојдневието, од случки, настани, од филмови, од песни, патувања… Креативноста кај човекот и карактерот секогаш инспирира мотивација за било каде и било што. Но, најмногу ме мотивираат вербата во себе, упорноста, моите соништа, мојата иднина и сите оние планови и цели кои сакам да ги остварам. „Акцијата е основниот клуч на сите успеси“ рекол Пабло Пикасо. Работата ме прави среќна и исполнета. Целиот ден ми е исполнет со работни обврски додека сум на работа. До пред нова година бев раководител на човечки ресурси во АД МЕПСО и имав навистина секојдневна обемна работа, која бараше многу одговорност и спретност, постојано бев во движење и се трудев навреме заедно со мојот тим да ги завршиме сите документи. Често останував и после работа за да можам да ги проверам сите одлуки и решенија и да бидат спремни за наредниот ден. Сега сум на друга работна позиција и ми е доста порелаксирано, ги завршувам тековните работи и се релаксирам со кафе-муабет:) Кога момчето ми е дојдено тука во Македонија, најчесто вечерите ги поминувам со него, бидејќи е голем гурман и љубител на Македонската кујна и обично одиме во некои од нашите ресторани на убава вечера. Кога тој не е тука, завршетокот на денот претежно го поминувам со моето семејство или пак со другарките и уживаме да ја поминеме вечерта со убава чаша вино и разговор кој трае со саати:) Мајка ми е љубител на книгите а татко ми е колекционер на филмови, така да сум ги наследила овие работи од двајцата. Сакам да читам психолошки книги и уживам да гледам хорор филмови. Порано повеќе читав книги, сега најмногу време поминувам читајќи ги актуелностите и новините кои се напишани по порталите. Окупирани од секојдневието со многу теми и актуелности, некогаш знам со саати да влегувам и отворам од портал на портал и да читам случувања кај нас и во светот. И нормално Виберот да не го заборавам, бидејќи ми е основна комуникација во текот на денот а добар дел од времето го поминувам зборувајќи со момчето кое живее на скоро 9.000 км далеку од Скопје. But distance means so little when someone means so much:)