Животна училница // Приказни
Утринско кафе со Моника Муличковска: Ме мотивираат позитивни и успешни луѓе
Се будам во 8 и пол, и денот ми започнува во Project Fit теретана. Се туширам и во 10 и пол го пијам моето прво утринско кафе на работа. Викендите утринското кафе го пијам дома, завиткана во ќебе и со добра серија.
Ме мотивираат позитивни и успешни луѓе. Моите цели се најголемата мотивација за мене. Сакам кога ми е исполнет денот, посебно сум мотивирана кога ќе ги завршам успешно поставените цели. Продуктивноста ми е тоа што ме води напред. Работам на себе и на духовен план и посебно ме мотивираат сопствените резултати. Сѐ повеќе сум своја, нема подобро чувство.
Како фотограф мотивација ми е околината и целиот надворешен свет. Успех за мене е кога еден дел од надворешниот универзум успешно ќе го канализирам преку мојата гледна точка и ќе го прикажам тоа со фотографија која комуницира со јавноста.
Деновите кога не вежбам ги поминувам во учење (посетувам еден курс), работа, фотографирање, ручек со фамилијата.
Денот го завршувам најчесто на кафе со пријателите, дечкото или добра серија.
Фан сум на аудиовизуелните уметности, затоа во своето слободно време преферирам добар филм или серија.