Утринско кафе со Надица Ставрова: Ме мотивира секој нов ден

Добивај вести на Viber

Секое утро ни нуди две можности. Да продолжиме со спиење и сонуваме или да станеме и да почнеме со остварување на нашите соништа. Изборот е наш и зависи само од нас! Секој ден е свој предизвик сам по себе, најчесто денот го започнувам со будење околу 6 часот, во зависност од временските услови и сезоната, утрото започнува различно во топлите утра најчесто со вежбање или трчање на отворено два до три пати во неделата. Зимскиот период вежбање пилатес во домашни услови. Последователно на тоа продолжувам со појадок и краток преглед на интернет вестите. Со голем елан и предизвик се подготвувам на работа. Морам да напоменам по пристигнување во канцеларија првото утринско кафе загарантирано го пијам со колегите околу 7.30-7.45. Секој нов почеток на денот ме мотивира, во принцип сум доста активна и желна кон освојување на нови хоризонти. Така што мотивација црпам секојдневно од секој предизвик или искушение кое го носи денот. По природа сум доста голем оптимист и за мене не постојат невозможни работи, како и самиот збор се е во возможно, си се препуштам кон реализирање на професионалните и приватните обврски, како и наоѓање време за себе. Исто така голема мотивација во нашето семејство е внука ми Јана од која во изминатите три години сите научивме еден доста професионален пристап на остварување на своите желби и барања на свој начин вешто не менаџира сите:).     По разгледување на мојот распоред најчесто ги извршувам своите обврски, од кои никогаш нема да ви биде досадно бидејќи секоја од нив има своја одредена тежина при нејзина реализација. Развојот на системи и стандарди, пристапот кон постојано подобрување на различни процеси и сегменти во организацијата е доста интересен и бара голема посветеност не само од административен и законски аспект, но и при воведување на одредени нови практики и процедури со вработените во организацијата. Денот најчесто го завршувам околу 7.30/8.30 со вечера и добро вино, во разговор со мои драги луѓе и споделување на импресии од случки, настани кои произлегле од самиот ден, или пак веќе планирање на патувања, посети и средби со пријателите во периодот кој следува. Вторник и четврток ми се денови кога по работните обврски продолжуваме на пилатес и заедничко дружење со колегите на работа. Повеќе сум љубител на читањето, отколку гледање на филм. Иако знам понекогаш да си дозволам сонот да ми го одземе некој добар филм. *Надица Ставрова, Менаџер за стратешки системи и усогласеност во PRG