Утринско кафе со трихолог д-р Елена Арсова: Ме мотивира желбата да бидам најдобра

Добивај вести на Viber

Обично денот ми почнува енергично, со извршување на моите испланирани работни обврски околу клиниките, пред да почнам со прегледите со пациенти. Така моите пациенти го добиваат моето комплетно внимание и посветеност на дијагностиката и планирање на адекватна терапија за нивната коса. Па првото утринско кафе најчесто го пијам на работа. Тогаш ги прегледувам и одговарам на меиловите и пораките, им давам дневни инструкции на вработените во нашите клиники во Скопје Белград и Загреб, координирам активности за поефикасно работење. Кофеинот и мултитаскингот, ме ставаат во полна работна сила и комплетна фокусираност. Желбата да бидам најдобра и потоа да го пружам најдоброто од мене отсекогаш ми била водечка мисла. А, фидбекот кој го добивам од пациентите е непресушна мотивација. Сметам дека секој медицински професионалец треба континуирано да работи на надоградување на своите знаења, искуства и вештини што овозможува да му обезбедиме на пациентот максимална помош, од дијагностика до третман. Задоволството на пациентот од успешниот третман и нивната благодарност е движечка сила која ме стимулира секогаш да работам на усовршување. А и во секоја област, тенденцијата да станеме подобри или најдобри е прекрасно патување а стигнувањето до тој момент е незаменливо чувство. Секогаш си поставувам цели и си ги запишувам на ливче за мотивација со интенција да ги реализирам. Денот ми е најчесто исполнет со вообичаените работни обврски кои се врзани пациентите и со раководењето на фирмите. На прегледите и контролите на пациентите одвојувам најмногу време. Но задолжително истражувам некои нови медицински информации што може да биде од корист за моите пациенти или за функционирањето на клиниките. Следењето на трендовите е неопходно за да се одржува успехот, да се остане најдобар и да им се понудат најновите третмани на пациентите. Секој ден мора да научиме нешто дополнително. Секогаш одвојувам време и за гостувањата на утринските ТВ емисии од областа на здравство каде можам преку телефонски консултации да им помогнам на гледачите со корисни информации. После работа, навистина сакам да се опуштам и да го намалам темпото и мислите. Понекогаш се гледам со пријатели, понекогаш останувам дома. Независно, дали сум надвор или дома обожавам добра вечера со добро вино. Релаксирана атмосфера и пријатно друштво се неопходни за да се балансира дневната хипердинамика. Најчесто вежбам навечер за да и физички ја вратам рамнотежата поради седечкиот начин на живот, што исто многу е опушта. Сакам да поминам време со децата на сестра ми кои со својата детска енергија и љубов се вистинско освежување после активен ден. Многу сакам книги! Само со книга можам комплетно да се опуштам, затоа што мислите комплетно ги насочувам во дејството на истата. Обично кога ќе земам книга ја читам без здив додека не ја завршам. Потоа настанува рестарт на моите мисли и можам да решам било каков проблем. Мојата генијална пријателка на Елена Феранте беше уживањето кое наскоро ќе го продолжам со нејзината следна книга, а сега ја завршувам третата книга од трилогијата на Стиг Ларсон. Филмовите ги сакам дома, а не во кино поради комфорот и атмосферата. Уметноста, од било каков тип, мора да биде дел од нашиот живот за да не потсети на убавината и креативноста на човечката природа, дух и живот. * д-р Елена Арсова е трихолог, медицински директор 101 Hair Clinic