(ФОТО ГАЛЕРИЈА) На шопинг во Сан Хуан

Добивај вести на Viber

За главниот град на Пуерто Рико - Сан Хуан сигурно сте слушнале можеби од последниот светски хит ‘’Despacito, или едноставно Ви е една од многуте светски дестинации кои би сакале да ги посетите. Со неговата колоритност, богата култура и историја верувајте Сан Хуан е градот кој ќе ве воодушеви на прв поглед, ќе ви остане драг на срце и со голема радост ќе се присеќаваме на него. Низ улиците на Сан Хуан ќе се заљубите во позитивниот народ кој чекори низ овој град, големите бродови – крузери како што се Carnival Cruise Lines, Royal CarribeanNorweigan Cruise Lines ќе ви ја доловат сликата зошто всушност ова е градот што важи за најголемото пристаниште, како и голем туристички, производствен, културен центар во Пуерто Рико. Со големо историско и културно влијание од Куба, на секој чекор ќе наидете на инспирација да направите слика вредна илјада зборови, да се разладите и да ја згаснете жедта во локалните барови со Сангрија или точено пиво, да ги задоволите вашите модни апетити, а често и ќе налетате на долга редица пред Senor Paleta – доколку сте вистински љубител на домашен сладолед со цели парчиња овошје, прелиено со домашно чоколадо. Звучи вкусно зар не? Во стариот град на Сан Хуан, за момент ќе помислите дека сте во некој Европски град, каде вашето срце ќе го препознае чекорот на калдрмата и за момент дома и нема да Ви се чини толку далеку. Сан Хуан е дел од територијата на САД, и всушност е најстарата Европска заедница во Соединетите Американски Држави, а самата архитектура поради својата разноликост и нејзиното менување со текот на годините поради различните културни влијанија, ќе забележите дека најголемо влијание сепак има од Шпанската архитектура. Сан Хуан е вистинското место за сите љубители на модата, каде ќе наидете на добри цени и одличен избор на облека во големите аутлети како и познатиот шопинг центар Las Americas. Во стариот град покрај самото пристаниште, се наоѓа Polo Ralph Lauren, каде цело време попустите достигаат и до 70%, а можете да најдете облека како за вашето цело семејство. На улиците Fortaleza и Cristo ќе ги најдете следните аутлети кои нудат дел од своите колекции по фабрички цени: Tommy Hilfiger, COACH, GUESS, GUESS JEWELERY AND BAGS, SUNGLASS HUT, CROCS, како и уште многу други. Во Тommy Hilfiger ќе ги најдете сите ваши модни фаворити по пониска цена, а веќе во GUESS JEWELERY AND BAGS големиот избор на ташни и накит ќе ви го поматат умот, а во COACH ќе се заљубите во елегантните чанти, шалови и паричници на кои нема така лесно да им одолеете. Доколку се размислувавте каде да најдете оригинални и модерни очила за сонце, SUNGLASS HUT е вистинското место за вас. Изборот е секогаш голем, а шансите се секогаш големи да направите добра зделка. Во Marshalls ќе најдете се што Ви е потребно, козметика, облека, обувки, играчки за деца и уште многу други работи, и често ќе налетате на екипажот од големите светски крузери како купуваат свој куфер и полека се подготвуваат да отпловат дома. Добрите цени се главната карактеристика за Marshalls. За овој град би можела да зборам до недоглед, но би ви посакала од срце да го посетите и да се заљубите на прв поглед како што ниеден посетител до сега не останал рамнодушен. Каде и да прошетате низ Сан Хуан ќе бидете засенети и фасцинирани од неговата убавина и се она што има да Ви го понуди овој град. Ова е градот на вљубените, хедонистите и на боемите, ова е градот што ќе ви остане добра приказна за мемоари. За Женски Магазин, Нина Беадер  Fb strana : https://www.facebook.com/BeaderHristina/ Web Strana: https://ninabeaderblog.wordpress.com/