Изострено перо // Поезија
Ана Бунтеска: Како никогаш...
Како никогаш да не те познавав...
Одминав покрај твојата сенка, меко навалена на уличната светилка,
го пречекорив твојот здив кој ми се пикаше во градите...
Како никогаш да не ме познаваше...
како никогаш да не ми ја намириса љубовта,
како никогаш....како никогаш да не ми ја вкуси желбата...
Одминати чекори,
времиња...
Се одминавме...без збор....без поглед,
заробени во своите кафези од болка,
нурнати во сопствените битки со ветерници.
Го чекам дождот...
како спас, како маска за солзи,
го чекам да ме измие,
да ми прокапи во душата
да ме разбуди... оживее...да те врати во моите сетила...
го чекам...
а ова проклето сонце никако да престане да свети.
За Женски Магазин, Ана Бунтеска