НЕ МОЖАМ ДА ВЕРУВАМ ДЕКА ВЕЌЕ НИКОГАШ НЕМА ДА МЕ ГУШНЕШ“: Потресна сцена пред школото во Загреб ВИДЕО
Утрото по трагедијата пред основното училиште во „Пречко“, владее молк и тага.
Во Хрватска е ден на жалост за трагедијата во „Пречко“ мирна населба, каде млад човек (19) уби прваче.
Наставничката која ги бранеше децата е во животна опасност. Граѓаните цела ноќ оставаа лампиони пред училиштето.
Утрото по трагедијата пред основното училиште во Пречко владее молк и тага. Полицијата ја заврши истрагата, па улицата до училиштето беше пуштена за сообраќај. Училиштето се уште е опкружено со полициска лента, а има околу 10 полицајци кои го обезбедуваат местото на теророт.
Потресна порака до убиеното прваче
Граѓаните цела ноќ оставаа свеќи и лампиони.
Има и пораки до загинатото првоодделенче како и десетици плишани мечиња.
Над самото училиште беше закачено црно знаме. Владата прогласи Ден на жалост за Хрватска, што значи задолжително истакнување на знамето на половина копје на сите згради на државните органи и единиците на локалната и регионалната самоуправа. На Денот на жалоста во Хрватска нема забавни настани
Меѓу плишаните мечиња и свеќите некој оставил белешка за убиеното момче.
-Не ми се верува дека никогаш повеќе нема да ме гушнеш, нема да ме предупредиш затоа што не ставив шминкав и прашаш кога повторно ќе дојдам кај тебе. Се молам твојата невина и немирна мала душа да најде мир по овој суров живот. Никогаш нема да те заборавиме – се вели во пораката.
Во петокот во 09.05 часот во основното училиште во Пречко со нож влегол млад човек (19), поранешен ученик од тоа училиште кој бил на психијатриско лекување.
Ги избодел наставничката и децата.
Животот на наставничката е во опасност, уште три деца се повредени, а едно момче починало.
Младиот човек го пронашле во блискиот здравствен дом каде побегнал.
Го уапсија. Неговата мајка рекла дека се плашеле од него и ги молела лекарите да не го пуштат надвор.
Како што е потврдено, некои од децата побегнале со учителката во блискиот ресторан, каде што потврдиле што се случило.
- Беше страшно. Не бев на смена, но како што ми кажа колегата да, тој дојде овде. Не ни се верува дека се случило такво нешто – кратко рекоа тие.
Андреј Пленковиќ на вонредната средба најави дека отсега сите училишта ќе бидат под клуч и додаде дека подготвуваат нови мерки за да ги направат децата побезбедни во училиштата.