Животна училница // Приказни
(ФОТО) УРИВА РЕКОРДИ И ИМА ДОБРА ПРИЧИНА: Кајли Џенер ги запали социјалните мрежи со оваа фотографија
Фотографијата со која Кајли Џенер потврди дека добила девојче на кое му го даде името Сторми стана фотка со најмногу лајкови на Инстаграм.
Преубавата фотографија на Инстаграм на која бебето ја држи мајка си Кајли за палецот, сега е официјална објава со најмногу лајкови на оваа социјална мрежа. За еден ден таа доби повеќе од 15 милиони лајкови, како и околу 670 000 коментари.
Последниот рекорд на Инстаграм го имаше поп дивата Бијонсе која исто така ја соопшти веста за бременоста, и освои 11,2 милиони лајкови.
Инаку, со оглед на тоа дека со месеци ја криеше бременоста во јавноста Кајли на Твитер им се обрати на своите обожаватели. Им упати извинување бидејќи цело време ги држеше во неизвесност, но како што кажа не сакала да ја продава својата интимност и сакала мирна и спокојна без стресови да се подготви за најубавата животна улога-мајчинството.
https://www.instagram.com/p/Be3rTNplCHf/?utm_source=ig_embed