Добредојдовте во светот на италијанската мода: Луиза Спањоли пристигна во Скопје, во Рамстор Мол!
Луксузниот италијански
бренд со долгогодишна традиција за дамска мода, Луиза Спањоли, носи врвна
елеганција и квалитет, нудејќи им на сите дами безвременски модни парчиња кои
ја истакнуваат нивната софистицираност. Зад овој престижен бренд стои името на
италијанката Луиза Спањоли, визионерка и претприемачка која со својот иновативен дух остави длабока
трага во историјата на модата. Родена во Перуџа, Италија, на 30 октомври 1877
година, Луиза поседувала извонредна креативност и амбиција, создавајќи две
големи компании: познатата фабрика за чоколадиПеруџина (Perugina) и модната куќа што го
носи нејзиното имеЛуиза Спањоли (Luisa Spagnoli). Луиза
Спањоли
Како пионерка на женското претприемништво, таа секогаш била пред своето време, создавајќи не само успешни компании, туку и отворајќи го патот за вклучување на жените во индустрискиот сектор во Италија.
По нејзината смрт во
1935 година, синот Марио ја презел компанијата и ја проширил на меѓународно
ниво, останувајќи доследен на високиот квалитет и елеганција што го
карактеризираат брендот. Првата продавница на Луиза Спањоли била отворена во
Перуџа во 1940 година, по што следеле Фиренца, Рим, Милано и Венеција.
Под водството на семејството Спањоли, брендот продолжил да расте, станувајќи синоним за италијански стил и елеганција. Денес, брендот е управуван од четвртата генерација на семејството, под раководство на внуката Николета Спањоли, која внела модерен пристап кон класичната естетика.
Со својот уникатен стил, Луиза Спањоли стана симбол на "секојдневен луксуз", комбинирајќи висококвалитетни материјали и рачна изработка со пристапни цени.
Дел од колекцијата есен/зима 2024Од 2021 година, брендот зема учествo на официјалната модна недела на Националната комора на италијанска мода, со што го потврдува своето место меѓу водечките модни куќи во светот. Денес, брендот ги задоволува потребите на модерната жена, нудејќи елеганција за секоја пригода преку своите колекции.
Продавницата на Луиза Спањоли во Скопје
Ве покануваме да ја посетите
новоотворената продавница на Луиза Спањоли во Скопје, лоцирана на приземјето во
Рамстор Мол.
Просторот е дизајниран од тим на италијански архитекти, кои ја доловуваат
суштината на минимализмот и елеганцијата, создавајќи простор кој е широк,
светол и софистициран.
Продавницата на Луиза Спањоли во Скопје
Во продавницата на Луиза Спањоли, дамите ќе можат да најдат уникатни модни парчиња изработени од најквалитетни материјали, внимателно селектирани за да го задоволат вкусот на секоја жена со изграден стил.
Дел од колекцијата есен/зима 2024
Без разлика дали станува збор за формални пригоди, деловен стил или комбинации за секој ден, Луиза Спањоли секогаш ќе ви помогне да изгледате елегантно и самоуверено.
Дел од колекцијата есен/зима 2024
Нашиот професионален и внимателно обучен персонал е тука да ви помогне при изборот на совршената комбинација и ќе се погрижи да го најдете вистинското парче облека за секоја пригода, со цел да изгледате блескаво и уникатно.
Дел од колекцијата есен/зима 2024
Наскоро, во Рамстор Мол, на Луиза Спањоли, ќе и се придружат и други светски познати и реномирани модни брендови, кои ќе го збогатат вашето модно искуство и ќе ги задоволат сите љубители на луксузот и елеганцијата. Подгответе се за уште повеќе уникатни и ексклузивни парчиња, кои ќе ве освојат на прв поглед.
Дозволете си да бидете дел од италијанската елеганција и современите трендови.
Добредојдовте во светот на Луиза Спањоли!
Пр објава