Шпаркасе Банка: Известување за добивање субвенциониран студентски оброк за сите нови студенти
Во тек е ажурирање на податоци за студентска картичка
Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува сите студенти што аплицирале на 13-тиот повик за субвенциониран студентски оброк од Министерството за образование и наука, дека во тек е ажурирање на податоците на студентите преку активната онлајн платформа на Банката https://netbanking.mk/portal/studentportal кое се врши со цел изработка и издавање на наменската студентска Visa картичка.
Сите нови студенти, кои ги исполниле условите за студентски оброк, со пополнување на бараните податоци на онлајн платформата на Шпаркасе Банка, влегуваат во финалниот процес за добивање на студентската Visa картичка, наменета за купување субвенциониран студентски оброк.
Студентите што во изминатата година биле корисници на студентски оброк, доколку оваа година повторно ги исполнуваат условите, продолжуваат да ја користат истата студентска картичка и немаат потреба за дополнително ажурирање на своите податоци на онлајн платформата.
Во согласност со Законот за субвенциониран студентски оброк, секој студент што го остварил правото на субвенциониран оброк на својата студентска картичка ќе добива максимум достапен износ во седмицата од 840 денари. Износот што ќе биде ставен на располагање на студентот на почетокот од тековната седмица и ќе му биде достапен за користење до крајот на седмицата заклучно со ден сабота, ќе биде во висина од 140 МКД помножен со број работни денови во тековната седмица почнувајќи од понеделник до сабота (максимум достапен износ во седмицата 6 х 140 МКД = 840 МКД), освен во периодот од 1 јули до 1 октомври, за време на државни празници и во неработни денови.
Наменската картичка е единственото средство преку кое студентите можат да користат субвенциониран студентски оброк, поради што е важно секој студент да ја подигне навремено. Шпаркасе Банка навремено ќе ги извести сите студенти за точното место и време на подигнување на сопствената картичка преку СМС-порака, на телефонскиот број внесен на платформата за ажурирање податоци.
Дополнително, Шпаркасе Банка на сите нови студенти, кои аплицирале за користење субвенциониран студентски оброк, ќе им овозможи БЕСПЛАТНО користење на пакетот за млади Vibe Оn. Овој пакет вклучува бесплатно отворање и одржување платежна сметка, бесплатно добивање и користење портокалова Visa Vibe Оn платежна картичка, како и бесплатно користење на мобилната апликација S-Banka. Со пакетот за млади Vibe On, студентите добиваат и две бесплатни подигнувања средства од кој било АТМ во земјата и целосно бесплатно подигнување средства од сите АТМ на Шпаркасе Банка во земјата и АТМ на studentimon@sparkasse.mk, на 24/7 достапниот телефонскиот број 02/308-7360 и на www.sparkasse.mk.
#ВерувајВоИднината
пр објава