dmPodcast „Женски ритам“: Знаење, инспирација и поддршка за секоја жена!


Компанијата dm drogerie markt овој јули го лансираше сопствениот поткаст ,,Женски ритам“, посветен на подобрување на физичкото, менталното, менструалното и социјалното здравје на жените. Низ сите четири епизоди, компанијата носи корисни совети и искуства од експерти и релевантни соговорници, преку стручен и атрактивен пристап.

Во свет полн со предивици и обврски, жените честопати се наоѓаат во улога на носители на семејството, кариерата и многу повеќе. Но, важно е да сфатиме дека здравјето на жените не е само физичка состојба – тоа е комплексен мозаик кој ја вклучува и менталната, емоционалната и социјалната благосостојба. Со цел да ги охрабри и поддржи жените во нивното патување кон подобро здравје, овој јули dm го лансираше поткастот „Женски ритам“. Овој поткаст е платформа за отворени разговори, инспиративни приказни и корисни совети, создадна со цел да ги зајакне жените и да ги мотивира да се грижат за себе.

Поткастот се одвиваше низ 4 различни епизоди, секоја од нив посветена на важен аспект на женското здравје. Првата епизода се фокусираше на важноста на физичкото здравје и исхраната кај жените. Гостите споделија корисни совети за тоа како да се одржи здрав начин на живот, истакнувајќи дека физичкото здравје е основа за сѐ останато.

Втората епизода беше посветена на менструалното здравје, каде што во повеќе од еден час се разговараше за фактот дека менструацијата не е избор. Гостите објаснија важни аспекти кои се однесуваат на жените за време на менструацијата, помагајќи им да се чувствуваат поразбрани и поддржани.

Третата епизода се фокусираше на менталното здравје, истакнувајќи колку е важно да се грижиме за тоа. Жените се соочуваат со многу предизвици и улоги во општеството, па оваа епизода им даде моќ и охрабрување да си посветат малку повеќе внимание себеси.

Последната епизода ги советуваше жените за тоа како да создадат баланс меѓу кариерата, семејството и личниот развој. Оваа дискусија беше особено важна за многу жени кои се обидуваат да ги усогласат сите аспекти на својот живот, нудејќи им практични совети и инспирација.

Сите епизоди од поткастот може да ги погледнете на YouTube каналот на dm!

Поткастот ,,Женски ритам“ беше дел од една поголема кампања за поддршка на женското здравјена dm, која вклучуваше и други активности: бесплатни дерматолошки прегледи на пет локации, отворен конкурс за пријава на проекти кои го поддржуваат женското здравје  и едукативни објави на социјалните мрежи.

Од компанијата порачуваат дека веруваат во тоа дека знаењето е моќ и дека сите заедно можеме да создадеме позитивни промени во општеството. Тие им се заблагодаруваат на сите кои ги следеа и учествуваа во овие женски дискусии, а продолжуваат и понатаму да работат на подобрување на здравјето и благосостојбата на жените! 

Пр објава