Ѝ донел ружа за 35 годишнина од брак, а таа го погалила за рака и починaла: Љубовната приказна на Анче и Александар Џамбазови има претажен крај

Добивај вести на Viber

Анче Џамбазова бардот на македонското глумиште, со насмевка која пленеше и глума со која воодушевуваше.

Анче беше ќерка на глумецот Петре Прличко, сопруга на композиторот Александар Џамбазов, мајка на актерот, шоумен, текстописец Игор Џамбазов и ќерката архитект/технолог Татјана Џамбазова.

Таа беше тетараска и филмска глумица со значајни улоги во многу македонски филмови, претстави, како и дел од Македонските народни приказни.

Фејсбук фан страницата „Бардовите на македонското глумиште“ објави ретка фотографија од Анче и Александар Џамбазови од нивната венчавка.

„Родителите на Игор Џамбазов на денот на венчавката! Нашата грандиозна Анче и големиот маестро Александар! Вечен спомен“, пишува на фотографијата.


Анче и Александар се запознале 1960-та година, а се венчале во 1962-та. Еден момент кој можеби на јавноста и е помалку познат е што на денот кога маестро Џамбазов и Анче се венчале, 35 години подоцна Анче Џамбазова почина во нејзиниот дом.

„На 30 септември 1997 година дента кога заминува од овој свет, е всушност 35 годишнина од бракот на Анче и маестро Александар Џамбазов“, изјави во една прилика нивниот син Игор Џамбазов.

„Ние поминавме 35 години во брак со Анче, незаборавни. Она што ми е болно, е што се земавме на 30-ти септември 1962 година. На 30-ти септември 1997 година, после 35 години брак, во 11 часот кога се земавме со Анче, таа почина“, раскажа во една прилика маестро Џамбазов.

Тој и купил една роза за нивниот јубилеј, дошол до нејзиниот кревет, ја ставил розата на нејзините гради, таа го погалила за рацете и го направила последното издишување, раскажа Игор Џамбазов.

Маестро Џамбазов и Анче се запознале во 1960-та година, средбата се случила во Охрид, пред вилата на Илија Џувалековски, која се наоѓала до Канео. Истата година маестро Џамбазов завршувал студии во Белград. Таа година тој испратил композиција од Белград на Опатискиот фестивал, на српски јазик и неговата композиција била примена во конкуренција од околу 400-ни песни.

Средбите со Анче зачестиле во периодот кога Анче била дел од филмскиот сет за филмот „Мирно лето“, кој почнал да се снима во 1961 година, кога маестро одел секој ден на сетовите само за да ја види Анче.

Маестро Џамбазов раскажа во една прилика за првата средба со Прличко, кога ги видел заедно со Анче. Бидејќи Анче доцнела од корозо, од терасата од станот кај поранешниот театар, тој и се обратил на Анче со зборовите: „Да спиеш кај комшиите“.

Старите скопјани за Анче велеле дека била една од најубавите жени после земјотресот.

„Како 16 годишна ќерка на Петре Прличко, низ скопските улици се возела на веспа, половина Скопје било заљубено во неа, но срцето и го освоил еден, што би рекол дедо ми Петре „музикант““, раскажа Џамбазов.

Фото: Фејсбук
Г.Д.Г