,

Родителите го одбраа CanBebe

Добивај вести на Viber

 CanBebe на дигитални платформи Фејсбук и Инстаграм имаат навистина голем број на следбеници.

 „Секојдневно се обидуваме да ги анимираме нашите родители и следбеници со разновидни содржини од тоа колку навистина се потрудивме да го подигнеме квалитетот на CanBebe пелените, па се до тоа да поставиме објави кои се од интересен и забавен карактер каде родителите ќе можат да најдат по некоја шега која се врзува со нивното секојдневие.

Поради нашата имплементација и особено напредна технологија каде воведовме триканален систем за апсорпција и уште поголемо ниво на квалитет, ја стекнавме довербата на родителите кои се одлучија да го пружат најдоброто на своите чеда – CanBebe.

 Замоливме неколку родители искрено да го споделат со нас своето искуство од моментот кога ги користат CanBebe пелените и навистина сме пријатно изненадени од позитивните зборови на кои наидовме.“

-Разменивме некој збор со Елена Иванова (32), мајка и сопруга на Стефан (7) и Исидора (2) години. Елена со нас сподели дека искрено ужива во улогата на мајка иако факт е дека понекогаш работните обврски придонесуваат зголемен стрес. Одржувањето на домот, посветувањето на вниманието на децата е дел од нејзиното секојдневие. Безрезервната поддршка од нејзиниот сопруг кој вели дека е и повеќе од посветен на нивните дечиња и голем дел од својот ден го минува со нив е исполнет со спортски активности во кои имаат голем дел и едукативните игри.

Елена ни кажа дека уште со Стефан почнала да ги користи пелените на CanBebe и задоволството се јавило уште од првиот ден, искрена е дека пробала и повеќе други типови на пелени, но секогаш се навраќала на CanBebe. За Исидора почнала повторно да експериментира во потрага по нешто ново на пазарот но пак наишла на разочарување и својата доверба пак ја подарила на CanBebe. Нејзиниот заклучок е дека како поминуваат годините квалитетот на нашите пелени е само подобар и подобар. Елена не испрати со прекрасна порака, а тоа е дека го правиме детскиот свет уште поубав....

На разговорот ни се надоврза нежната и преубава мама Симона Петрова (25) која вели дека синчето Илиан (18 месеци)  едноставно не сака да облече ништо врз своите CanBebe. За овие родители потрагата по одлични и непротекувачки пелени оддамна е завршена. Симона ни рече дека мајчинството реално не е нежно како што изгледа. Да прекрасно е, но во некоја доза и доста напорно. Она што е прекрасно е љубовта која таа ја чувствува за своето чедо – таа љубов едноставно ги руши сите граници и можни препреки.

Велат дека добрата препорака е најдобра препорака, сите родители имаат ,, навика’’ да ги споделуваат своите незадоволства, но и среќни искуства. Таков е случајот со Драгана Божиновска која ја има слатката Сара од само 10 месеци. Нејзината драга пријателка која буквално ги пораснала своите две малечки дечиња искрено и го препорачала CanBebe и денес Драгана ја продолжува успешната приказна без каење.

 Драгана ни напомена дека е задоволна од економичните пакувања на нашите пелени, целосната заштита која Сара ја добива и секако сувото газе.

Тука не завршивме. CanBebe приказната е приказна без крај и со искуства кои ни ги полнат срцата, поради родителите кои не одбраа токму нас и поради квалитетот кој им го подаривме за саканите.

Христина Цветановски, мама на две принцези Андреа (2 год) и Теа (само 1 месец) ни се приклучи во sharing is caring моментот. На Христина дефинитивно секојдневието и е и повеќе од забавно. Со нашите пелени смислуваат безброј креативни начини како да го поминат времето... куќички од пелени и времето лета, а ноќите се суви и безбедни.

Девет ипол месечната, Меланија не може без своите CanBebe пелени. Низ бебешки говор ни кажа дека едноставно ги обожава! Наде Урумова е мајката која ни пренесе дека денот не поминува без CanBebe и дека е презадоволна од одличниот квалитет кој го нудат.

ВИДЕО:


Вашите приказни се наша реалност. Ви благодариме за секое споделено искуство.

Со љубов,
CanBebe


ПР објава